„Криминал како услуга“ со кол-центри и во Македонија: над 4 милиони евра штета, жртви во 50 земји
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Живи пајаци. Бубашваби. Крвава свинска маска. Погребен венец. Книга за тоа како да преживееш смрт на сопружник. Сето тоа стигнало на домашна адреса во 2019 година – испратено од луѓе што работеле во една од најголемите светски платформи за онлајн трговија.
eBay и неколку негови поранешни вработени се согласија да платат 56 милиони долари (околу 51 милион евра) на брачниот пар Ина и Дејвид Штајнер, автори на билтенот EcommerceBytes. Нивниот престап беше што повремено пишувале критички за компанијата.
Од спогодбата, 46,15 милиони долари ги плаќа самиот eBay. Поранешниот извршен директор Девин Вениг плаќа два милиона. Поранешната директорка Венди Џоунс – 500.000 долари. Поранешниот директор Стив Вајмер – 50.000. Дел од парите одат и на непрофитни организации.
Кампањата не била импровизација на еден вработен што испукал. Според судските документи објавени претходно, врвни луѓе во компанијата отвориле лажни профили на социјалните мрежи за да го малтретираат парот, испраќале анонимни закани по пошта и порачувале пратки чија единствена цел била страв. Постоел и план за поставување GPS уред на автомобилот на семејството – обид што не успеал. Постоел и внатрешен предлог до домот на Штајнерови да се испрати „самоанска банда”.
Во 2022 година седум поранешни вработени беа кривично обвинети и се изјаснија за виновни. Меѓу нив е и поранешниот шеф на безбедноста на компанијата, Џејмс Бо, осуден на речиси пет години затвор. Обвинети беа и Дејвид Харвил, Брајан Гилберт, Стефани Поп, Стефани Стоквел, Филип Кук и надворешната соработничка Вероника Зеа.
eBay во соопштението изјави дека однесувањето на поранешните вработени „не е претставник на културата на eBay”. Тешко е да се прочита таа реченица без да се забележи што недостига во неа: објаснување како група директори, во голема корпорација, речиси една година спроведувала кампања на застрашување без некој над нив да забележи.
„Како што одамна велиме, она на што беа изложени Штајнерови од страна на поранешни вработени во eBay во 2019 година беше погрешно, за осуда и никогаш не требаше да се случи”, стои во соопштението. „Продолжуваме да им се извинуваме најдлабоко на Штајнерови.”
Адвокатот на парот, Кристофер Марфи, ја кажа поентата подиректно: „Овој случај отсекогаш беше за нешто повеќе од финансиска отштета. Од самиот почеток нашите клиенти сакаа да ја откријат вистината, да ги заштитат новинарите и издавачите, да ги повикаат одговорните на одговорност и да спречат ова да му се случи на некој друг.”
Седум години од првата пратка до последната исплата. Толку трае патот од закана до одговорност кога од другата страна стои корпорација со правен оддел. Прашањето што останува е колку вакви кампањи никогаш не стигнале до суд затоа што целта немала време, пари и упорност да истрае седум години.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Џефри Хинтон не се плаши од роботи, туку од темнина: струја и банки во колапс со денови. И признава дека...
Најпопуларните ВИ-другари имаат 220 милиони преземања, а многу од нив се насочени токму кон помладите. Apple сега бара ознака 18+,...
Половина метар пластика, испечатена во орбита. Звучи скромно, но целата вселенска индустрија се судира со едно ограничување: сè што лета...
Дизајниран од човекот што го цртал iPhone, исмеан на премиерата, распродаден пред првата испорака. Кога цената е над половина милион...
Подлабоко во проспектот за берза, во делот за ризици, Anthropic напиша дека развојот на моделите на компанијата можеби наскоро ќе...
Бундестагот брои потенцијално хакирани телефони, а Берлин молчи дали и Мерц бил на мета. Иронијата: германската полиција и самата купила...
Компанијата во сопственост на SpaceX тврдеше и дека граѓаните немаат право да тужат за воздухот што го дишат. Судот не...
Моделот на кинескиот WeChat сега го гради апликација во претежно американска сопственост. Кој одлучува каде јадеш, каде спиеш и кому...
Google плаќа за вештачка интелигенција што му ја јаде заработката од пребарувањето, Amazon за една година потрошил 42 милијарди долари...
Истражувачот што ја нашол дупката немал ни каде да ја пријави, па побарал помош од новинари. Компанијата сега вели дека...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.