Нова кривична пријава за Јакимовски: одобрение за градба на план укинат уште во 2018 година
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Владата прогласи кризна состојба на целата територија на државата поради опасност од пожари. Трае 30 дена, почнува од 1 август. Формулацијата во соопштението е дека одлуката е „потврда за определбата на Владата да постапува проактивно“. Проактивно – на 31 јули, откако цел месец горело.
Одлуката предвидува активирање на Главниот штаб при Центарот за управување со кризи, кој ќе биде во постојано заседавање и во рок од 24 часа треба да изготви акциски план за превенција и справување со пожарите, преглед на расположливите човечки и материјално-технички ресурси, како и план за координирано дејствување на сите надлежни институции. Сите органи на државната управа се задолжени во целост да ги стават на располагање своите капацитети.
Прочитајте ја последната реченица уште еднаш. Планот за тоа кој што има и кој што ќе прави се пишува во рок од 24 часа од 1 август. Значи, до вчера тој документ или не постоел, или не бил доволно добар за да се применува без прогласена криза. Во земја каде секое лето гори, преглед на расположливите ресурси не е нешто што се прави откако ќе тргне огнот – тоа е нешто што треба да седи готово во фиока од април.
Истиот ден кога заседаваше Владата, во Валандовско горееја две жаришта, а во гаснењето беа вклучени два „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување. Тоа не е анегдота, тоа е контекст: одлуката за криза не дојде од прогноза, дојде од терен што веќе гори.
Кризната состојба не е лоша работа – напротив. Таа отклучува ресурси, координација и командна линија каква што во нормални услови не постои. Проблемот не е што е прогласена, туку што секоја година се прогласува, а секоја година потоа сѐ се враќа на почеток: истите депонии, истите стрништа, истиот тешко прооден терен, истиот број авиони.
За 30 дена ќе истече. Тогаш вреди да се постави едно едноставно прашање до Главниот штаб: што од акцискиот план изготвен за 24 часа остана да важи и во септември, и колку од тие „расположливи капацитети“ навистина беа расположливи кога затребаа?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Светска банка отпадна поради неусогласеност со барањата на ЕУ. Градбата ќе трае две и пол години, а опремата се набавува...
Од 9.500 квадрати зеленило остануваат 268. Терен со висинска разлика од 80 метри, без студија за ерозија и без мислење...
Ѓорѓиевски вели дека системот ќе биде готов до средината на следната година. Тендерот за БРТ се најавува деновиве, а градбата...
Втора акција на истата локација за една година. Герасимовски и самиот апелира до Министерството за труд - затоа што расчистувањето...
Просумер, соларна печка и струја од велосипед на плоштадот Магнолија. Градот што со децении ја плаќа цената на јагленот гледа...
Стефанија Димовска освои две медали на IESO 2026, работејќи во мешани меѓународни тимови. Пред тоа беше и државен шампион по...
Од близу 4,7 милиони денари, општината става околу 180.000. Остатокот доаѓа преку Бирото за рамномерен регионален развој - и токму...
Десет години работела во здравството - и сепак морала да бара врски за да биде примена. Клиниката тврди дека добила...
Приговорите течат од 15 до 25 септември. Во Гоце Делчев нема доволно места, па студентите одат во Стив Наумов -...
Од 23:00 до 05:00 часот кон Евзони не се минува. Кон Халкидики - нормално. Оние што одат на одмор поминуваат,...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.