„Криминал како услуга“ со кол-центри и во Македонија: над 4 милиони евра штета, жртви во 50 земји
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Функцијата се вика Private Relay и таа треба да ја крие вашата IP адреса додека пребарувате низ интернет со Safari. Не е бесплатна – достапна е само за корисници кои плаќаат претплата на iCloud+. Значи, ова е нешто за што луѓето свесно даваат пари, за да добијат приватност.
Двајца истражувачи, Талал Хаџ Бакри и Томи Миск, објавија дека функцијата може да се заобиколи и вистинската IP адреса да се открие. Проблемот, велат тие, лежи во три функции во WebKit – прелистувачкиот механизам на Apple, кој на iOS го користат сите прелистувачи, не само Safari.
За да не остане на ниво на тврдење, поставија и веб-страница каде секој може сам да провери дали неговата адреса истекува. Тестирањето покажало дека страницата успева да ја открие вистинската адреса дури и кога Private Relay е вклучен.
Тука доаѓа делот што вреди повеќе од самиот пропуст. Истражувачите одлучиле воопшто да не ја пријават грешката на Apple. Причината ја кажаа отворено.
„Нашето досегашно искуство со Apple ни кажува дека пријавувањето на овој проблем би значело месеци одолжување, неконзистентна комуникација, а во некои случаи и целосно негирање дека проблемот воопшто има влијание”, напиша Миск.
Тоа е обвинение против процесот, не против кодот. Секоја голема технолошка компанија има програма за пријавување безбедносни пропусти и секоја од нив во својот маркетинг ја претставува како доказ дека соработува со истражувачката заедница. Кога истражувач ќе процени дека е побрзо да објави јавно отколку да чека одговор, тоа кажува нешто за тоа колку таа програма навистина функционира. Apple не одговори на барањето за коментар.
Вреди да се разјасни што Private Relay и онака не бил. Тоа не е VPN – не ја штити адресата на ниво на систем, туку работи само додека користите Safari. Кој и да мислел дека со тоа е невидлив на интернет, мислел погрешно уште пред овој наод.
Има и една подробност која заслужува внимание: Миск и неговите колеги развиваат сопствен прелистувач наречен Psylo, за кој велат дека веќе има заштита од истекување на адресата. Наодот е реален и проверлив, но човекот што го соопштува продава алтернатива. Тоа не го поништува, само значи дека треба да се чита со отворени очи.
За обичниот корисник заклучокот е поедноставен отколку што изгледа. Приватноста што ја купувате како ставка во месечна претплата останува ветување на компанијата која ја наплатува – и трае додека таа компанија смета дека треба да трае. Кога некој однадвор ќе покаже дека ветувањето протекува, одговорот доаѓа бавно, ако воопшто дојде.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Џефри Хинтон не се плаши од роботи, туку од темнина: струја и банки во колапс со денови. И признава дека...
Најпопуларните ВИ-другари имаат 220 милиони преземања, а многу од нив се насочени токму кон помладите. Apple сега бара ознака 18+,...
Половина метар пластика, испечатена во орбита. Звучи скромно, но целата вселенска индустрија се судира со едно ограничување: сè што лета...
Дизајниран од човекот што го цртал iPhone, исмеан на премиерата, распродаден пред првата испорака. Кога цената е над половина милион...
Подлабоко во проспектот за берза, во делот за ризици, Anthropic напиша дека развојот на моделите на компанијата можеби наскоро ќе...
Бундестагот брои потенцијално хакирани телефони, а Берлин молчи дали и Мерц бил на мета. Иронијата: германската полиција и самата купила...
Компанијата во сопственост на SpaceX тврдеше и дека граѓаните немаат право да тужат за воздухот што го дишат. Судот не...
Моделот на кинескиот WeChat сега го гради апликација во претежно американска сопственост. Кој одлучува каде јадеш, каде спиеш и кому...
Google плаќа за вештачка интелигенција што му ја јаде заработката од пребарувањето, Amazon за една година потрошил 42 милијарди долари...
Истражувачот што ја нашол дупката немал ни каде да ја пријави, па побарал помош од новинари. Компанијата сега вели дека...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.