„Криминал како услуга“ со кол-центри и во Македонија: над 4 милиони евра штета, жртви во 50 земји
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Портофино е мало. Пристаниште, црквата Сан Џорџо, замокот Браун и неколку патеки што влегуваат во природниот парк – тоа е сè. И токму затоа во него постои една многу јасна поделба: од десет наутро долу кај пристаништето има толпа туристи, а горе на ридот, зад една кривина, се наоѓа хотел во кој со децении доаѓаат исти луѓе по неколку пати во животот.
Ова лето низ Сплендидо поминаа Никол Кидман и Бекамови. Кидман беше фотографирана покрај базенот, а една вечер се приклучи на бендот што свиреше и удираше на дајре. Дојде во Италија по Ибиза и Лондон, во друштво на американскиот бизнисмен Мајкл Рајнстин. Тоа е онаа сорта вест што циркулира еден ден и се заборава. Позанимлива е втората.
Дејвид и Викторија Бекам беа таму во средината на август, со децата Круз и Харпер. Одбраа токму тој хотел затоа што во него, во 1997 година, поминаа еден од првите заеднички одмори – тогаш врската уште не беше јавна. Викторија го врати тој спомен на социјалните мрежи со фотографија и реченица: „Повторно во Портофино, каде што почнавме, во 1997. Те сакам, Дејвид.“ Од истиот тој таен одмор подоцна се роди и парфемот Portofino ’97, еден од најпознатите во нејзината козметичка линија. Значи: речиси три децении подоцна, човек се враќа на исто место и плаќа за истиот поглед.
Тоа е поинтересно од етикетата „хотел на славните“. Списокот гости е долг – Ава Гарднер, Кларк Гејбл, Хамфри Богарт, Лорен Бекол, Мадона. Во 1964 година Ричард Бартон ѝ ја понудил раката на Елизабет Тејлор токму во овој хотел. Но заедничкото не е славата, туку враќањето. Некои се враќаат поради местото, други поради тоа што веќе биле таму.
Зградата има постара биографија од своите гости. Пред да стане хотел, во XVI век била бенедиктински манастир, а потоа приватна резиденција. Како сместување се отвора во 1902 година, кога Портофино дури почнувал да влегува во маршрутите на странските патници. Значи, за да ти изгледа местото „одсекогаш вака“, потребно е нешто да функционира стотина години без прекин.
Во 2025 година хотелот повторно се отвори по голема реновација на дизајнерот Мартин Бруднизки – повеќе боја, ботанички мурали, мебел со лигурска инспирација и базен со солена вода свртен кон заливот. Додаден е и Dior Spa, првиот постојан спа-центар на таа фирма во Италија. На повторното отворање Белмонд собра гости како актерот Џеф Голдблум, кој настапи со својот џез бенд, и поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ; хотелот има тениско игралиште со поглед кон лигурскиот брег и тоа е една од неговите заштитни марки.
Гостите можат да не излезат од комплексот цел ден: La Terrazza е главниот ресторан со локална кујна на тераса над заливот, Splendido Grill е поопуштената верзија, а Baratta Sedici ги држи коктелите. Ако сакаш надвор – приватна прошетка со брод по крајбрежјето, кајак на зајдисонце со аперитив, посета на светилникот или на еколошката фарма La Portofinese во природниот парк. Има и часови по правење песто, пица и тенис.
Но вистинската разлика меѓу тоа да го посетиш Портофино и тоа да преноќиш во него е банална и точна: кога пристаништето ќе се наполни во доцните претпладневни часови, доволно е да се качиш по угорнината за бучавата да остане долу. Тоа е она за што всушност се плаќа во Лигурија – не за поглед, туку за тишина над истиот тој поглед.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Пет бели пирамиди меѓу Карипското Море и лагуната, ледени бањи и јога под црвена светлина. Вистинските маиски пирамиди, сепак, се...
Час и половина од Брисел кравите пасат по влажни ливади, сирењето зрее во визби, а во опатија основана во 1216...
Поранешната британска колонија слави независност, а гостинот е британскиот крал. Зад рекламата со плажа за секој ден во годината стои...
Град чии 85% завршиле во пепел во Втората светска војна, а денес живее од пивници, згради на Франк Гери и...
На половина час со траект од Неапол, меѓу Капри и Искија за кои сите знаат. Тука Перез-Реверте го донесе новиот...
Капетанот Рихард Вит ја отворил со две морски карти, за северот да ја преживее зимата. Денес бродот наесен плови низ...
Додека во Овиедо ја примаше наградата „Принцеза од Астурија“, Меси повторно кажа каде му е домот. Маршрута низ Ла Бахада,...
Замок, па манастир, па летниковец на грофот од Арона: семејството Боромео го држи островот речиси четири века, врз основа на...
Дојде на форум, остана заради кафето. Плантажа, театар и вечера од осум јадења - рута што може да ја помине...
Тренерот на Барселона е роден тука, а сопругата на 12 километри оттука. Град во кој секој четврти жител е студент,...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.