Карпош го одложи панелот за семејно насилство закажан за март и никогаш не го презакажа, а за 50-годишнината се најавува избор на Мис Карпош
09.11.2026
09.11.2026
09.11.2026
09.11.2026
09.11.2026
09.11.2026
09.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
09.11.2026
09.11.2026
08.11.2026
09.11.2026
09.11.2026
09.11.2026
07.11.2026
07.11.2026
07.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Пред месец и половина, според податоците внесени во електронскиот дневник, недостасувале околу 4.900 првачиња. Денес, според министерката за образование и наука Весна Јаневска, разликата е околу 1.500.
Разликата меѓу двете бројки е 3.400 деца. Што се случило со нив?
Ништо. Училиштата не ги внеле навремено во електронскиот дневник, иако тоа им е обврска.
„За среќа, бројката драстично се намали“
Формулацијата на министерката го открива проблемот со целиот пристап. Ништо не се намалило – само податокот станал поточен. Една иста реалност беше пријавена двапати, со разлика од 3.400 деца, и во тој интервал врз таа бројка се градеше јавна дебата за демографскиот колапс.
Јаневска објаснува дека искуството од претходните години покажува оти дел од првачињата се запишуваат кон крајот на август и во текот на септември. „До крајот на септември се запишуваат, што е лоша навика, но и тоа ќе се обидеме да го поправиме“, рече таа.
Дополнително, посочи дека во 2020 година биле родени околу 800 деца помалку во однос на претходната година, што треба да се земе предвид при споредбата.
„Не е добро што бројката е намалена, но не е толку голема како што изгледаше пред месец и половина“, рече министерката.
Иселувањето: „има впечаток“
Најинтересниот дел од нејзиното гостување во „Ноќно студио“ на 4ТВ не беа првачињата, туку иселувањето.
„Има впечаток, иако статистичките податоци ќе ги видиме на крајот на годината, дека тој бран е нешто малку намален“, изјави Јаневска, наведувајќи дека во текот на месецов имало случаи на ученици кои се доселиле во земјава.
Впечаток. Иако статистичките податоци ќе ги видиме на крајот на годината.
Министерка за образование дава јавна проценка за најголемиот демографски процес во земјава, и самата признава дека нема податок врз кој таа проценка се потпира. Ако и бројката на првачиња – што е директно мерлива и лежи во сопствениот електронски дневник на министерството – промашила за 3.400 деца, тешко дека впечатокот за иселувањето е поцврста основа.
Кој е виновен за демографијата
На прашањето за демографските трендови, министерката понуди список причини: променет начин на живот, лични амбиции, желба за полесен и покомфорен живот, променети улоги во семејството. Го спомна и избегнувањето одговорност.
„Не можеме да се мешаме во личните одлуки на луѓето, но факт е дека имаме лоша демографија. Кога би имале поголем број раѓања, немаше да се соочуваме со празни училници и потреба од оптимизација во образованието“, порача Јаневска.
Истата министерка на почетокот на учебната година им порача на првачињата, покрај знаење, да побараат и „братче или сестриче“.
Економската состојба и вработеноста, според неа, се важни, но не и единствени фактори.
Празната училница не се полни со апел
Поентата не е дека министерката греши за демографијата – бројот на раѓања навистина паѓа, и тоа навистина ги празни училниците. Поентата е кој се именува како носител на решението.
Во целата листа причини што ја наведе, отсуствува која било институција. Причините се лични одлуки, животен стил, амбиции и избегнување одговорност. Со други зборови – родителите.
Министерството за образование не влијае на бројот на раѓања. Но влијае на тоа дали податоците во сопствениот електронски дневник се точни, а токму тие податоци промашија за 3.400 деца. И влијае на тоа дали семејството што размислува да остане, гледа училиште во кое вреди да го запише детето.
Вистинската статистика за иселувањето доаѓа на крајот на годината. До тогаш имаме впечаток.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Румена Бужаровска го нарекува скандал во време на протести против фемицидите. Градоначалникот Лукровски вели дека општината не го организира изборот,...
Центарот постапил по закон, судот изрекол мерки, МВР немало пријава. На хартија сè било во ред, а 17-годишната девојка е...
Националниот парк и еколозите ги изодија трите лешнички долини и се враќаат со добри вести. Само едно не кажуваат: колку...
За девет месеци 1.144 жени се жртви на семејно насилство. Предлогот што требаше да ги предупреди кога насилникот се приближува...
Министерот за здравство и лидерот на ДУИ напишаа сочувство, но најточниот некролог го напишаа пациентите: години живот што ги имаат...
Мостот меѓу Аеродром и Гази Баба со години не поврзуваше ништо, бидејќи немаше пат до него. Сега се асфалтира, а...
МЕТЛА доаѓа до информации за сериозен спор меѓу компанијата „Тел Авив Солар“ и Електродистрибуција, поврзан со изградба на соларна електрана...
Загадувањето во Скопје за десет години е преполовено, но ниту една скопска мерна станица не ја исполнила законската граница. Европската...
Љупчо Коцарев тврди дека една буџетска шифра ја става Академијата под министерство. Раководството вели клевета и чека државна ревизија, а...
Буџетскиот форум повторно собра предлози. Вистинското прашање е колку од предлозите од претходните четири години навистина стигнале во буџетот.
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.