Муцунски: Кочани ја покажа вистинската сила на дипломатијата - 115 пациенти добија помош во Европа
14.03.2026
14.03.2026
14.03.2026
14.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Седум авиони не успеаја да слетаат на Меѓународниот аеродром „Скопје“ во вторникот попладне, откако силниот ветер и комплексните метеоролошки услови создадоа сериозни пречки во авиосообраќајот. Од Контролата на летање за „Вечер“ потврдија дека нарушувањата ќе продолжат и во следните денови, бидејќи регионот е под влијание на интензивна фронтална активност која носи нестабилно време, засилен ветер и ризични услови за полетување и слетување.
Еден од авионите што кружел повеќе од еден час над Скопје предизвикал вистинска драма меѓу патниците. Некои од нив поради турбуленциите почувствувале силни стомачни тегоби и немир, а во моментите на неизвесност постојано биле во контакт со своите блиски, информирајќи ги за состојбата во воздухот и за можноста летот да биде пренасочен. Авионите од Истанбул и Венеција не успеале да воспостават стабилен приод кон пистата и биле пренасочени кон Приштина, додека два други лета кружеле со надеж дека ќе се отворат побезбедни услови за слетување.
Од М-Нав објаснуваат дека причината е појавата на засилено јужно струење во приземјето и на повисоките слоеви на атмосферата, а дополнителен проблем претставувала појавата на „wind shear“ – нагло смолкнување на ветерот што може да ја наруши стабилноста на авионот токму при најкритичните фази: полетување и слетување.
Метеоролозите предупредуваат дека „wind shear“ е опасен, но не и непредвидлив феномен. Брзите промени на правецот или брзината на ветерот, особено под влијание на судир на топли и ладни воздушни маси, можат за неколку секунди да создадат услови во кои пилотите имаат минимално време за реакција. Затоа, според нив, пренасочувањето кон алтернативен аеродром е најбезбедната опција.
Иако технологијата денес значително го намалува ризикот, стручњаците велат дека овој феномен останува „невидлива закана“ што службите ја следат со зголемено внимание. Патниците се повикуваат да ги следат известувањата од своите авиокомпании, бидејќи дополнителни одложувања и промени во распоредот се можни и во деновите што следат.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...
Сојузот на синдикати организираше масовен протест барајќи 600 евра минимална плата, откако Владата го одби барањето, а ССМ го одржува...
Министерството за надворешни работи склучило договор за евакуација на вредност од 59,8 милиони денари (972.000 евра). Четири летови, 458 евакуирани...
Министерот за животна средина потврди дека ќе се организира јавна расправа за обновување на А-дозволата за Фабриката Усје, откако граѓанската...
Речиси третина од онлајн-купувачите во ЕУ наишле на проблеми при набавки преку интернет. Во Македонија, 29,41% пријавиле тешкотии - под...
Сојузот на синдикатите на Македонија организира протест утре во центарот на Скопје. Маршот ќе помине низ централните улици и ќе...