Филипче бара оставка од Славески и истрага за Алта банка: Мицкоски два дена пред одземањето на дозволата во Белград велеше „не знам дали е сè во ред“
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
31.10.2026
01.11.2026
01.11.2026
31.10.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
31.10.2026
30.10.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
31.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Пред неколку години кратенката GLP-1 ја знаеја лекарите. Денес ја знае секој што слушнал за Оземпик. Лекот што се користи за дијабетес и, во определени случаи, за прекумерна тежина, го направи славен хормонот што телото и онака си го произведува: се ослободува главно во цревата по јадење, помага во лачењето инсулин, го забавува празнењето на желудникот и му праќа на мозокот порака дека сме јаделе доволно.
Логично, по лекот дојде и книгата. Диететичарката-нутриционистка Салена Саинз ја напиша „Револуцијата на природниот GLP-1“, а нејзиното најчесно тврдење е она што не го очекувате од таков наслов: со храна нема да го постигнеш моќниот ефект на лекот. Ќе се чувствуваш подобро, вели таа, и толку. Зборот „револуција“ е за корицата. Содржината е поскромна и затоа поупотреблива.
Протеините и мастите. Протеините најсилно го поттикнуваат ослободувањето на хормонот: кога се варат, аминокиселините стигнуваат во цревата и ги активираат клетките што го произведуваат. Јајца, риба, мешункасти растенија, производи од соја. Саинз посебно ги издвојува мешункастите, затоа што даваат растителни протеини заедно со влакна и минерали, и масните риби поради омега-3. Здравите масти од маслиновото масло, авокадото, јаткастите плодови и семките можат да ја продолжат ситоста, но тоа не е дозвола: количината и тука се брои.
Цревата. Кога корисните бактерии ферментираат определени влакна, создаваат материи како бутиратот, кои можат да го поттикнат хормонот на ситоста. Затоа на листата се овесот, зеленчукот, гравот, цело овошје и семките, но и варениот па изладен ориз или компир, кои содржат отпорен скроб. Додајте јогурт, кефир и кисела зелка. На Балканот ова не звучи како револуција. Звучи како зимница и тавче гравче, само со пофина терминологија.
Редоследот на чинијата. Вистинската корист можеби е во навиките што не чинат ништо. Вечерата најмалку два до три часа пред спиење. Полека, со добро џвакање, и со внимание кога телото ќе каже дека е доволно. На почетокот зеленчук, потоа протеини, на крајот јаглехидрати, затоа што тој редослед може да ги намали скоковите на шеќерот. А по оброкот десет до петнаесет минути пешачење, бидејќи мускулите трошат дел од гликозата во крвта.
Стресот и сонот. Кортизолот при стрес може да го промени апетитот и да те турне кон калорична храна. Саинз предлага дишење 4-7-8: четири секунди вдишување на нос, седум задржување, осум бавно издишување, четирипати по ред. За вежбањето препорачува мешавина од сила, аеробик и прошетки, со доволно одмор, бидејќи посилно не значи секогаш подобро. За сонот: пет минути запишување на грижите, исклучени екрани, свежа спална соба и седум до девет часа сон.
Ако ова ви личи на совети што сте ги слушале и пред да постои Оземпик, не се лажете. Новото е само етикетата. Прашањето е зошто на обичните навики им требаше скап лек и нова кратенка за да ги сфатиме сериозно.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Два филета, шунка, сирење и панирање од најситни трошки. Најголемата грешка е да му додадете сè што имате во фрижидер.
Кој спие шест часа, а му требаат осум, собира два часа долг на ден. Викендот не е лек, а најдобриот...
Името звучи скапо, а јадењето е планинска храна од Оверњ: компири, сланина и сирење што се растегнува во долги конци.
Препораката е 25 до 30 грама влакна дневно, но стомакот не ги прифаќа преку ноќ. Нутриционистка објаснува како до нив...
Пред „трик или почести“ имало soul cakes: зачинети колачиња со суво грозје што се печат 15 до 20 минути на...
Звучи како реклама за мрзливи, но бројката важи само за интензивните интервали. Остатокот од рецептот се 7.000 чекори дневно, тренинг...
Најдобриот начин да ги спасиш јаболката што почнале да омекнуваат. Оди на појадок, во колач и - изненадувачки - до...
Британската психијатарка градинарството го открила преку сопругот, а денес тврди дека зеленилото го намалува кортизолот. Градината не ги заменува лековите...
Еден од најевтините прилози најчесто се расипува на најбанален начин: натрупани во тавата, компирите се варат во сопствената пареа. Еве...
Подредена дневна, неоправен кревет. Не си мрзлив - само знаеш кој што гледа. Нередот станува проблем дури кога со месеци...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.