Очила и часовник за дојава кога доаѓа УЈП: девет обвинети за поткуп и фалсификати околу „Пулс“
27.10.2026
27.10.2026
27.10.2026
27.10.2026
27.10.2026
27.10.2026
27.10.2026
27.10.2026
27.10.2026
26.10.2026
27.10.2026
27.10.2026
26.10.2026
27.10.2026
27.10.2026
27.10.2026
27.10.2026
26.10.2026
25.10.2026
27.10.2026
27.10.2026
27.10.2026
27.10.2026
26.10.2026
26.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Собранието не ја изгласа интерпелацијата за министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. За гласаа 19 пратеници, против 63, воздржани немаше. Интерпелацијата ја поднесе Левица, а ја поддржаа и пратениците на СДСМ.
Расправата отвори многу повеќе отколку што може да реши едно гласање. На маса беа состојбата во ЕСМ, цените на струјата, мрежарината, „Чебрен“ и „Галиште“, гасификацијата и поврзувањето со европскиот енергетски пазар. Благој Бочварски од СДСМ го постави прашањето за договорот поврзан со електричните броила и ЕВН, тврдејќи дека јавноста сè уште нема јасни одговори, и потсети на најавите за гасоводи, модернизација на ТЕЦ „Неготино“ и водородот. Фатмир Битиќи тврдеше дека државата нема затворена финансиска конструкција за „Чебрен“ и „Галиште“ и дека доцнењето на пазарните реформи ги става домашните производители во неповолна положба.
Опозицијата укажа и на доцнењето со интеграцијата на домашниот пазар во европскиот и со обврските од европскиот механизам за јаглеродно гранично прилагодување, како и на сомнежите за условите под кои се откупува струја од фотоволтаичните електрани.
Божиновска одговори дека дел од прашањата се однесуваат на надлежности на други – енергетските компании, регулаторот, локалната самоуправа. Нејзината главна теза беше дека Министерството е нова институција што морало да се изгради „од нула“. „Вистината не се утврдува со бројот на пишани критики и со цитати од Вибер, туку со силата на доказите“, порача таа од говорницата. Пратениците на мнозинството го наведоа новиот Закон за енергетика, со кој за првпат е дефинирана енергетската сиромаштија, субвенциите за инвертер клими, набавката јаглен од Косово преку меѓудржавен договор и повторното пуштање на продуктоводот Солун – Скопје.
Аргументот „тоа не е наша надлежност“ во Собранието функционира – 63 гласа го потврдија. Но ЕСМ е државна компанија, ЕВН е под надзор на државниот регулатор, а „Чебрен“ со децении се движи меѓу студии, тендери и концесиски модели. Кога секој е надлежен само за парче, никој не одговара за целото.
Интерпелацијата заврши, министерката останува. Прашањата за цената на струјата, финансиите на ЕСМ и тоа кога „Чебрен“ ќе стане нешто повеќе од најава останаа таму каде што беа и пред гласањето. Само што граѓаните не плаќаат надлежности – плаќаат струја.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Хипер-дата центрите за вештачка интелигенција трошат стотици мегавати, а најголемите над 1.000. Владата преговара со пет-шест инвеститори, а јавноста сè...
Компанијата што предупредува дека нејзината технологија може да биде опасна за човештвото сега бара пари од берзата. Акциите ќе бидат...
Речиси милијарда долари за две години, за комплет што го вози багерот наместо човекот. Компанијата зборува за недостиг на работници,...
Платформата на кратките клипови сега сака видеа долги колку филм. Само на едно прашање нема одговор: колку ќе добијат оние...
Нафтата за една недела поскапе околу шест отсто, а дизелот кај нас веќе е поскап од двата бензина. Денешната пресметка...
Вицепремиерот на Фејсбук ветува сателитска мрежа и пониски сметки, „од она што има како информација“. Од операторот засега се знае...
Просечната августовска плата скокна на 48.733 денари, но регресот се пресметува од тромесечен просек. Колку точно ќе добиеш зависи од...
Пилотот со 1.000 луѓе покажал дека 80 проценти од првите корисници не биле инженери. Колку плаќа Uber, никој не кажува,...
Секој ден Rivian добива над 400.000 снимени сцени од колите на своите купувачи. Сега има и алатка што ги претвора...
Додека „Одисеја“ на Нолан, снимана во шест земји, месеци наред ги полнеше салите, проектот на Маск засега има една епизода,...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.