Четири лица приведени за убиствата во Хром и Ѓорче Петров: на мета биле постари луѓе што живееле сами
29.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
28.10.2026
27.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
28.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
28.10.2026
27.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
29.10.2026
28.10.2026
29.10.2026
28.10.2026
27.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Во 2025 година во Македонија се регистрирани 132 несреќи при работа, а 31 од нив завршиле со смрт. Тоа го покажува годишниот извештај на Македонското здружение за заштита при работа, објавен во април. Најмногу несреќи има во преработувачката индустрија (33), потоа во градежништвото (15), во јавната управа и одбраната (12) и кај домаќинствата како работодавачи (11).
Синдикатите, пак, зборуваат за сосема друг ред на големина: околу две илјади повреди при работа годишно и меѓу 20 и 30 загинати. Иван Пешевски, претседател на Синдикатот за градежништво и планирање и потпретседател на Сојузот на синдикатите на Македонија, на одбележувањето на Европската недела за безбедност и здравје при работа го кажа тоа со реченица што звучи како признание за целиот систем: „Секоја година се повторуваме, но никако да се поправиме во делот за безбедност и здравје при работа“.
Разликата меѓу 132 евидентирани несреќи и две илјади повреди не мора да значи дека некој лаже. Но значи дека нема единствена, усогласена слика колку работници навистина се повредуваат. Професионалните заболувања, според Пешевски, често воопшто не се евидентираат, а одговорноста за несреќите неретко се префрла врз самите работници.
Дијагнозата на синдикатите е позната. Ниски плати што туркаат луѓе во прекувремена работа, викенди и празници. Работодавачи што безбедноста ја гледаат како трошок. И инспекции без доволно инспектори, што реагираат откако несреќата веќе ќе се случи. „Инспекциите треба да бидат на терен и да не чекаат некој да се повреди“, порача Пешевски.
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на настанот изјави дека „вложувањето во здрави и безбедни работни места е инвестиција, а не трошок“. Убава реченица. Само што, според синдикатите, бројот на повредени и загинати со години речиси не се менува.
Европската агенција за безбедност и здравје при работа ја стави менталната исцрпеност во центарот на кампањата за 2026-2028 година: 29 отсто од работниците во ЕУ пријавуваат стрес, анксиозност или депресија поврзани со работата, а 37 отсто општ замор. Кај нас синдикатите сè уште бараат основни работи, како заштитна опрема и исправна механизација. А прашањето е секоја година едно: кој ја презема одговорноста кога работникот не се враќа дома?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Правило од 90 дена во 180, билатерални визи само со Швајцарија и Хрватска, а рутата до Германија минува низ уште...
4,3 отсто раст во второто тримесечје, највисоко во регионот, повлечен од градежништво што пораснало речиси 22 отсто. Светска банка ја...
Мали вложувачи ги ставија заштедите во технолошкиот бум, убедени дека државата стои зад него. Економистите предупредуваат дека Кина можеби само...
Речиси секој деветти долар што Microsoft го заработи минатото тримесечје дошол од компанијата со која се бори за истите клиенти....
Четиригодишната фирма ја одби понудата за купување бидејќи не беше над нејзината вредност, па собра нови пари. Облогот е јасен:...
Apple со години ја отфрлаше идејата за Mac на допир. Сега ја продава, а со сите надградби лаптопот чини 14.549...
Регионот оди кон 3,4 отсто, Македонија во спротивна насока. А само една третина од новите извозни зафати во регионот ја...
Во 2015 година лимитот за нови хонорарци беше 1 отсто, со закана од затвор, и хонорарците пак се натрупаа. Новиот...
Приходите и расходите се намалуваат за по 5,3 милијарди денари. Кога парите не стигнуваат, први се кратат проектите што требаше...
Четботот наводно ѝ испишал распоред до нула таблети и ја пофалил што одбила анализа на крвта. OpenAI сега вели дека...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.