Skip to content

Свет ибис, сервал, був, берберска овца и ракун: битолската Зоолошка градина доби пет нови жители од Белград

0 мин. читање
Сподели
Свет ибис, сервал, був, берберска овца и ракун: битолската Зоолошка градина доби пет нови жители од Белград

Зоолошката градина во Битола од 28 октомври има пет нови жители: егзотичната птица свет ибис, африканската мачка сервал, був, берберска овца од карпестите предели и американски ракун. Сите се донација од Зоолошката градина во Белград, установа со која битолската соработува повеќе децении.

„Сите нови жители успешно го поминаа патот, сместени се во нивните нови живеалишта и се под будното око на нашиот ветеринарен тим“, соопштија од битолската градина, со благодарност до тимот од Белград. Меѓуинституционалната соработка и размена, велат, се клучни за подобри услови, побогат фонд и за едукација на посетителите.

Битолската Зоолошка градина сега има повеќе од 400 животни од 30 различни видови. Вест без скандал, без политика и без соопштение за „историски“ проект, само две институции што меѓусебно си помагаат преку граница. Колку често на Балканот се пишува вест за соработка, а не за спор? Посетителите се поканети уште овој викенд да ги запознаат новите жители.