Очила и рачен часовник за дојава: девет обвинети за даночните контроли во „Пулс“
28.10.2026
28.10.2026
28.10.2026
28.10.2026
28.10.2026
28.10.2026
28.10.2026
28.10.2026
27.10.2026
27.10.2026
28.10.2026
28.10.2026
27.10.2026
28.10.2026
28.10.2026
28.10.2026
28.10.2026
27.10.2026
26.10.2026
28.10.2026
28.10.2026
28.10.2026
28.10.2026
28.10.2026
27.10.2026
28.10.2026
27.10.2026
27.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Сезонските прогнози на европскиот „Коперникус“ велат дека зимата 2026/2027 во поголемиот дел од Европа ќе биде потопла од просекот. За Битола тоа не значи многу: студени бранови, снег и мраз можат да дојдат и годинава, а огревот мора да се купи пред тоа.
Колку чини? За куќа од околу 60 квадратни метри потребни се приближно осум до десет кубни метри дрва за една грејна сезона. Преку „Национални шуми“ тоа е од 25.000 до 32.000 денари, без превоз. Кај приватните продавачи, со достава, од 36.000 до 45.000 денари. Пелетите се движат од 14.500 до 22.000 денари за тон, што значи до 88.000 денари за четири тони, без достава и одржување на системот.
Граѓаните најчесто ги загреваат само просториите што ги користат. Енергетската сиромаштија не е само неможност да се плати сметката, туку живот во дом што никогаш не е доволно топол. Во Пелагонија, како и во поголемиот дел од земјата, доминира огревното дрво, иако експертите како најисплатливо го посочуваат греењето со инвертер-уреди.
Што прави општината? Во Програмата за животна средина за 2026 година, Општина Битола предвидела четири милиони денари за енергетска ефикасност: три милиони за инвертер-клими и еден милион за енергетски ефикасна дограма, прозорци и врати. Вкупната програма за животна средина е 11,5 милиони денари. Општинскиот енергетски план за 2026 година ја вклучува и енергетската сиромаштија како тема.
Темата е внесена. Но колку луѓе навистина добиле клима, колку прозорци се заменети и дали субвенционираните уреди воопшто се користат? Кај државните субвенции, како што се предупредува, никој не проверува како и колку се користат набавените уреди. А без тие бројки, четири милиони денари остануваат ставка во програмата, не потопла соба во февруари.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Ревизорите не изразија мислење за финансиските извештаи, бидејќи немаше доволно докази. Во целата 2024 година министерството немало ниту една внатрешна...
Во Македонија биле набљудувани 72 предмети за организиран криминал и корупција, најмногу во регионот. Резултатите се очекуваат пред да се...
Министерот Андоновски најави нова платформа, а самиот признава дека услугите што работеа до 2017-2018 година згаснаа. Кој систем ќе остане...
Обврските на шест јавни претпријатија се намалени за околу 2,6 милијарди денари, вели градоначалникот. Вистинскиот отчет ќе биде 1 јануари,...
Фонтаната е во пробна работа по повеќегодишна пауза. Кога ќе работи редовно и кој ќе ја чува од камионите, не...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено. Зимата пристигна пред ноември, барем на превоите.
Пумпите се дел од проект чиј донатор е УНОПС. Колку чинеле и колку ќе заштеди училиштето, не е кажано.
Реконструкцијата е во завршна фаза. Се подобруваат и вентилацијата и противпожарната заштита.
Шеснаесет државни објекти заведени со вредност од само еден денар, имот вреден 140 милиони денари без соодветна документација, набавки од...
Во Куманово 487 наспроти 35 за Вучиќ, во Србија победија студентите. Во две објави на Фејсбук вицепремиерот стигна и да...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.