„Криминал како услуга“ со кол-центри и во Македонија: над 4 милиони евра штета, жртви во 50 земји
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Битола, редици пред банкоматите. Откако Народната банка на 1 ноември воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка, граѓаните од сопствените сметки можат да подигнат или да потрошат со картичка најмногу 10.000 денари неделно, а фирмите не можат да префрлаат пари надвор од банката. „Ми треба повеќе пари, ама немам, што да правам“, вели една клиентка додека чека пред банкомат.
Најтешко им е на оние што немаат картичка, или чија картичка останала заглавена во апаратот. Експозитурите се затворени, па засега до парите не можат да стигнат никако. Дел од клиентите сакаат да ја префрлат сметката во друга банка, но и за тоа им треба шалтер на Алта банка – кој не работи.
Решенијата се во подготовка, едно по едно. Над 5.000 корисници на социјална помош и други права од социјалната заштита парите ги примале преку оваа банка. За нив се најавуваат шалтери, прво во Битола, па во Скопје и Струмица, со приоритет и без лимит. За околу 3.500 пензионери без платежни картички се подготвува можност на шалтер да подигаат до 20.000 денари. А платите на дел од вработените во јавниот сектор што имаат сметки во Алта банка засега се под прашалник – неофицијално, ним им е сугерирано навреме да отворат сметки во друга банка.
Позадината е во Белград. Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата на Алта банка АД Белград, а таму е отворена стечајна постапка. Битолската банка не е во стечај, туку под администрација. Тројца администратори од Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска – имаат 21 ден да ја утврдат финансиската состојба. Гувернерот Трајко Славески вели дека сопственикот од Белград е известен да ги продаде акциите, а ако не го направи тоа, Народната банка ќе ги понуди на аукција.
Официјалната утеха е дека депозитите се осигурени до 30.000 евра и дека банката продолжува со работа. Точно. Но осигурувањето е за денот кога банката би пропаднала. Дотогаш, твоите пари се твои до 10.000 денари неделно. Кога српскиот регулатор ја затвора матичната банка, колку рано требаше нашиот да знае што се случува со нејзината битолска ќерка? Опозицијата веќе најави интерпелација за гувернерот – одговорот, значи, ќе мора да се даде и во Собранието.
Најмногу чекаат оние што најмалку можат да чекаат. За пензионер без картичка или за семејство на социјална помош, тоа на сметката не е заштеда. Тоа се лековите, струјата и лебот до крајот на месецот.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Од 47 патнички вагони, во редовен сообраќај се два. Од 1.382 товарни вагони, над илјада не смеат на шини. И...
Во едната пратка - пестицид забранет во ЕУ, во другата - остатоци над дозволеното. Земјоделците се сомневаат во политика, но...
Џефри Хинтон не се плаши од роботи, туку од темнина: струја и банки во колапс со денови. И признава дека...
Најпопуларните ВИ-другари имаат 220 милиони преземања, а многу од нив се насочени токму кон помладите. Apple сега бара ознака 18+,...
Половина метар пластика, испечатена во орбита. Звучи скромно, но целата вселенска индустрија се судира со едно ограничување: сè што лета...
Дизајниран од човекот што го цртал iPhone, исмеан на премиерата, распродаден пред првата испорака. Кога цената е над половина милион...
До 30.000 евра парите се сигурни ако банката пропадне, над тоа штедачот станува доверител во стечај. А додека банката е...
Собранието ќе ја испитува Алта банка, откако власта ги тргна зборовите „измама на граѓаните“. СДСМ потсети дека насловот е препишан...
Владината делегација беше во Северна Рајна-Вестфалија и кај Дојче Телеком во Бон и најави нови инвестиции. Единствените конкретни бројки од...
Подлабоко во проспектот за берза, во делот за ризици, Anthropic напиша дека развојот на моделите на компанијата можеби наскоро ќе...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.