Skip to content

Рубио од Минхен: САД и Европа припаѓаат заедно, но сакаме сојузници кои можат сами да се бранат

0 мин. читање
Сподели

Американскиот државен секретар Марко Рубио од говорницата на 62. Минхенска безбедносна конференција порача дека САД и Европа припаѓаат заедно, но јасно стави до знаење дека администрацијата на претседателот Трамп очекува промени во начинот на кој функционира трансатлантскиот сојуз.

Тонот на Рубио беше значително поинаков од миноторскиот говор што минатата година го одржа потпретседателот Џ.Д. Венс, кој предизвика вознемиреност меѓу европските лидери. Сепак, пораката беше јасна — Вашингтон сака сојузници кои можат сами да се бранат.

„Сакаме сојузници кои можат да се бранат, за да нема противници кои ќе се чувствуваат склони да ја оспорат нашата колективна сила”, изјави Рубио.

Државниот секретар нагласи дека Европа мора да преземе поголема одговорност за сопствената одбрана, наместо да се потпира на американска помош. Тој повика на реформа на меѓународните институции и на посилни гранични контроли.

„Америка нема интерес да биде учтив чувар на управуваниот пад на Западот”, порача Рубио, додавајќи дека САД сакаат сојузници горди на својата култура и наследство, подготвени и способни заедно да се бранат.

На маргините на конференцијата, Рубио оствари средба со германскиот канцелар Фридрих Мерц, со кого разговарал за глобалните предизвици, вклучително напорите за завршување на конфликтот во Украина и зајакнување на партнерството меѓу двете земји.