Skip to content

Николоски во Стејт Департментот: Македонија и САД го обновуваат стратешкиот дијалог

1 мин. читање
Сподели

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски одржа работни средби во Стејт Департментот во Вашингтон, посветени на зајакнувањето на стратешкото партнерство меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави.

На средбата со заменик-помошникот државен секретар Даниел Лаутон, двете нации го потврдија цврстото партнерство засновано врз взаемна поддршка, демократски вредности и продлабочување на економската и трговска соработка. Николоски изјави дека „САД е стратешкиот партнер број еден на Македонија”.

Разговорите опфатиле економска соработка, енергетска транзиција и развој на критичната инфраструктура, посебно Пан-европските Коридори 8 и 10 кои минуваат низ Македонија. Николоски нагласи дека овие коридори се клучни за економскиот развој и националната безбедност на земјата.

Агендата вклучила и повторно активирање на Стратешкиот дијалог и ревизија на билатералниот трговски договор за зголемување на деловната соработка. Николоски го продолжи своето посетата учествувајќи на глобалниот настан „Трансформирање на транспортот 2026″.