Skip to content

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ разорен со лагите за мигрантски кампови – денес трета партија со 130.000 гласови

1 мин. читање
Сподели

ВМРО-ДПМНЕ со остра реакција по однос на неодамнешните изјави на СДСМ за наводни мигрантски кампови во Македонија. Пратеникот Миле Лефков изјави дека „бродот на СДСМ тоне сè повеќе”, нагласувајќи дека лагите на опозицијата наместо да им помогнат, ги уништиле.

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека СДСМ и лидерот Венко Филипче, наместо да се извинат за лажните тврдења за мигрантски кампови во Македонија, продолжуваат со дезинформациска кампања. Британскиот амбасадор ги демантирал тие тврдења, а СДСМ наместо да ги признае грешките, ги повторува истите наративи.

„СДСМ работи на лаги, манипулации и уривање – токму тоа е причината зошто е трета партија со 130.000 гласови”, рече Лефков. Истовремено, ДКСК ги демантираше тврдењата на СДСМ за судир на интереси кај Томовски во случајот со фирмата Сити аутсорсинг.