Skip to content

Земјотрес со јачина 5,5 степени ја погоди централна Турција

0 мин. читање
Сподели

Земјотрес со јачина од 5,5 степени по Рихтер ја погоди централна Турција, со епицентар 46 километри северно од градот Токат, на длабочина од 6,4 километри. Потресот се случи во 3:35 часот наутро по локалното време.

Турската агенција за управување со вонредни состојби и катастрофи АФАД потврди дека потресот бил почувствуван во повеќе општини. Нема непосредни извештаи за оштетувања или жртви.