Skip to content

Трамп одби договор со Иран: Условите сеуште не се доволно добри

1 мин. читање
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран сака договор за прекин на војната, но дека тој не е подготвен да го прифати бидејќи „условите сеуште не се доволно добри”.

Во интервју за NBC, Трамп одби да специфицира кои услови мисли, но нагласи дека одрекувањето на Иран од нуклеарните амбиции би било дел од потенцијалниот договор. „Иран сака договор, но јас не сакам да го склучам, бидејќи условите сеуште не се доволно добри”, изјави Трамп.

На самитот на Г7, Трамп им кажал на лидерите дека „Иран наскоро ќе се предаде” и дека го „решил проблемот што им се закануваше на сите”. Тој исто така тврдеше дека САД „целосно го уништиле” островот Харг, клучен за иранскиот извоз на нафта.

Трамп додаде дека „војната со Иран ќе заврши кога ќе ја почувствувам во коските” дека е вистинскиот момент, отфрлајќи ги загриженостите за растечките цени на нафтата со тврдење дека има доволно снабдување.