Skip to content

ЦЕНТКОМ: Уништени 92% од иранските воени бродови, извршени над 10.000 борбени летови

0 мин. читање
Сподели

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) објави видео извештај со кој тврди дека успешно ги исполнува воените цели во војната против Иран, уништувајќи илјадници цели на иранската војска.

Командантот Бред Купер изјави дека целта на операциите е „елиминирање на иранската способност за проекција на сила надвор од нејзините граници”. Според него, САД погодиле над 10.000 воени цели и извршиле повеќе од 10.000 борбени летови во иранскиот воздушен простор.

ЦЕНТКОМ тврди дека се уништени 92 отсто од најголемите ирански воени бродови и дека фреквенцијата на лансирање дронови и ракети е намалена за повеќе од 90 отсто. Повеќе од две третини од иранските фабрики за производство на ракети, дронови и воени бродови се оштетени или уништени.

Сепак, и покрај американските тврдења, Иран продолжува успешно да извршува напади со дронови и ракети врз Израел и американски цели во Заливот. Иранските удари предизвикуваат жртви и материјална штета, како и нарушувања на глобалните пазари и воздушниот сообраќај.