Партиите бараат институциите да работат без селективност по случајот Анакиев
21.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Израелските војници ја пресретнаа меѓународната флотила која се обидуваше да достави храна и лекови за цивилите во Појасот Газа. Флотилата се состоеше од повеќе од 40 цивилни бродови со над 500 парламентарци, адвокати и активисти. Целта беше да се пробие израелската блокада и да се внесе хуманитарна помош.
Израелската морнарица започнала со операција за пресретнување на бродовите на околу 90 наутички милји од Газа. Според официјалните информации, најголем дел од бродовите се веќе запрени, а само еден продолжил кон палестинските територии. Израелската влада овој потег го оцени како „провокација“ и соопшти дека сите патници, меѓу кои и активистката Грета, се безбедни.
Меѓу пресретнатите бродови бил и хрватскиот „Ширин“, со кој раководела капетанката и адвокатка Морина Милјановиќ. Овој брод бил задолжен за правна поддршка на останатите бродови во флотилата. Според последните податоци, вчера „Ширин“ го сменил курсот, а денес застанал на едно место. На официјалната интернет-страница на флотилата веќе не е прикажан, а засега нема информации дали израелските војници се качиле на него.
Иако Израел тврди дека флотилата не успеала да ја пробие блокадата, бродот „Микено“ успеал да се доближи до палестинските територијални води пред да се изгуби контакт со него.
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, остро го осуди потегот на Израел. „Оваа суровост врз цивили во меѓународни води ја открива лудоста на израелските лидери и нивните злосторства против човештвото,“ изјави Ердоган.
Британската активистка Руи Лорен Ахтар, која била на брод што се упатил кон Кипар, објасни дека нивната екипа се вратила назад за да избегне апсење. „Ние ќе продолжиме да се бориме за ослободување на останатите членови на флотилата,“ истакна таа.
Обединетите нации изразија загриженост и ја нарекоа блокадата на Израел „незаконска“. „Израел мора да овозможи достава на храна и медицинска помош или да дозволи хуманитарните мисии да се спроведуваат без пречки,“ се наведува во соопштението од ОН. Израел ги отфрли критиките, тврдејќи дека блокадата е законска мерка за национална безбедност.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Американскиот секретар за финансии објави дека 140 милиони барели заглавени на море ќе влезат на глобалните пазари, додека Техеран го...
Рускиот претседател испрати честитки по Новруз и порача дека Москва останува сигурен партнер, но реалната руска поддршка за Техеран останува...
Фракција земјотрес ја презеде одговорноста за палежот во Пардубице, но компанијата тврди дека соработката со израелската фирма никогаш не се...
Володимир Балух, поранешен политички затвореник, пријавил дека мажи во униформи насилно го однеле во воен регрутациски центар во Киев.
Алексеј Муратов тврди дека BlackRock, Vanguard и State Street профитираат од блокадата на Хормушкиот Теснец и предизвиканите кризи.
Поранешниот советник за национална безбедност на САД, Џон Болтон, предупреди дека иранските ракети можат да дофатат до Европа и дека...
Нови прописи ја укинуваат подобноста за комерцијални возачки дозволи за странски државјани, загрозувајќи ги синџирите на снабдување.
Националната противпожарна служба прогласи национална мобилизација по пожарот во градот Деџон, 35 лица се во критична состојба.
Поранешниот директор за борба против тероризмот тврди дека високи функционери биле спречени да ги изразат загриженостите за војната пред Трамп.
Дванаесетчасовниот самит на ЕУ заврши без резултати - Орбан ги условува парите за Украина со рускиот нафтовод Дружба.