Skip to content

Велигденското примирје прекршено: Над 2.000 напади од двете страни во Украина

1 мин. читање
Сподели

И покрај најавите за привремено намалување на борбените активности, ситуацијата на фронтот во Украина останува далеку од смирување – двете страни пријавуваат илјадници прекршувања на таканареченото велигденско примирје.

Според соопштението на Генералштабот на вооружените сили на Украина, во период од 24 часа се регистрирани вкупно 2.299 случаи на прекршување на примирјето, вклучувајќи десетици напади, стотици артилериски гранатирања и масовна употреба на дронови.

Украинската страна наведува дека биле забележани 25 директни јуришни дејства, како и стотици напади со беспилотни летала, што укажува на интензивна борбена активност и покрај формалното примирје.

Во исто време, Русија изнесува спротивни тврдења, обвинувајќи ги украинските сили за речиси 2.000 прекршувања на договореното примирје.

Велигденското примирје беше договорено од Кремљ за периодот 11-12 април, но очигледно не беше почитувано од ниту една страна во конфликтот.