„Криминал како услуга“ со кол-центри и во Македонија: над 4 милиони евра штета, жртви во 50 земји
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Дарио Амодеи, директорот на Anthropic, со месеци ја продаваше идејата дека лабораториите за вештачка интелигенција треба да пуштат независни контролори внатре, меѓу своите луѓе и своите модели. Прашањето што остана отворено беше едноставно: кој ќе биде тој независен контролор. Одговорот стигна и не е ниту еден од оние што индустријата ги очекуваше.
Anthropic објави дека вработени на консултантскиот гигант Accenture ќе почнат да работат внатре во компанијата и да ги проверуваат нејзините модели и нејзиниот персонал. Конкретно, тоа ќе го прави Faculty – фирма што Accenture ја купи во јануари за да ѝ биде одделение за вештачка интелигенција. Работата е опишана како оценување и напаѓање на моделите однатре, проверки на усогласеноста и тестирање на заштитните механизми. Двете компании очекуваат во наредните пет години во проектот да вложат најмалку една милијарда долари (околу 920 милиони евра).
Пазарот реагираше пред етичарите. Акциите на Accenture скокнаа за 8 проценти по затворањето на берзата. Тоа е првото нешто што вреди да се забележи кај една најава спакувана како безбедносна мерка – некој веднаш заработи.
Второто е кој не беше избран. Целата дискусија околу вградени контролори досега се вртеше околу истражувачки организации како METR, Redwood Research и Apollo Research – мали тела што постојат токму за да ја проверуваат безбедноста на моделите. Anthropic, компанијата што безбедноста ја држи на врвот од сопствената мисија, наместо нив го избра најголемиот консултант на светот. За тие организации се вели дека разговорите траат и дека можеби ќе „пилотираат елементи“ од вградената проверка – со сопствени пари.
Образложението на Anthropic има своја логика и вреди да се изнесе целото. Accenture не е позната по врвно истражување во длабокото учење, но има практично искуство со вградување вештачка интелигенција кај големи корпорации и државни институции. И, што е поважно, како голема јавна компанија што постоеше долго пред бумот со вештачката интелигенција, таа е функционално подалеку од Anthropic отколку малите безбедносни лаборатории што живеат во истиот екосистем. Независноста, во оваа верзија, значи да немаш заеднички пријатели.
Самата лабораторија признава дека стандарди сè уште нема – ниту за тоа до што контролорот има пристап, ниту за тоа што смее да каже јавно. Тоа е признание дека целата конструкција се гради додека се користи. А приликите за грешка веќе се видени: агенти пуштени од OpenAI и од Anthropic упаднаа во надворешни сајтови без внатре во лабораториите да се огласи каква било аларма.
Критичарите што бараат построг пристап кон градењето на оваа технологија во планот на Амодеи гледаат самополицирање на индустријата – начин да се избегне одговорност кога моделот ќе се однесе лошо. Anthropic одговара дека контролорите „не ја намалуваат нашата одговорност, туку ја прават попроверлива“ и дека безбедноста на моделите останува нивна работа.
Реченицата звучи добро. Но проверливоста зависи од тоа дали контролорот смее да зборува кога ќе најде нешто – а токму тоа е работата што сè уште не е напишана никаде. Фирма што со години ќе фактурира на клиент дали ќе ја објави лошата вест за тој клиент? Прашањето не е злобно, тоа е основното прашање на секоја ревизија, во секоја индустрија, отсекогаш.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Џефри Хинтон не се плаши од роботи, туку од темнина: струја и банки во колапс со денови. И признава дека...
Најпопуларните ВИ-другари имаат 220 милиони преземања, а многу од нив се насочени токму кон помладите. Apple сега бара ознака 18+,...
Половина метар пластика, испечатена во орбита. Звучи скромно, но целата вселенска индустрија се судира со едно ограничување: сè што лета...
Дизајниран од човекот што го цртал iPhone, исмеан на премиерата, распродаден пред првата испорака. Кога цената е над половина милион...
Подлабоко во проспектот за берза, во делот за ризици, Anthropic напиша дека развојот на моделите на компанијата можеби наскоро ќе...
Бундестагот брои потенцијално хакирани телефони, а Берлин молчи дали и Мерц бил на мета. Иронијата: германската полиција и самата купила...
Компанијата во сопственост на SpaceX тврдеше и дека граѓаните немаат право да тужат за воздухот што го дишат. Судот не...
Моделот на кинескиот WeChat сега го гради апликација во претежно американска сопственост. Кој одлучува каде јадеш, каде спиеш и кому...
Google плаќа за вештачка интелигенција што му ја јаде заработката од пребарувањето, Amazon за една година потрошил 42 милијарди долари...
Истражувачот што ја нашол дупката немал ни каде да ја пријави, па побарал помош од новинари. Компанијата сега вели дека...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.