„Криминал како услуга“ со кол-центри и во Македонија: над 4 милиони евра штета, жртви во 50 земји
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Тројца луѓе тврдат дека изгубиле 1,8 милиони долари (околу 1,6 милиони евра) во биткоин затоа што симнале апликација од App Store што изгледала како вистинската. Тужбата е поднесена во петокот пред Окружниот суд за Северна Калифорнија и е насочена директно кон Apple.
Апликацијата се викала Sparrow Wallet. Тука е клучниот детал: вистинскиот Sparrow, паричник за биткоин, воопшто не постои за iOS. Тоа значи дека немаше вистинска верзија со која лажната можела да се спореди – секој што ја барал во продавницата на Apple, ја наоѓал само копијата. Според тужбата, Џејмс Рамирез изгубил околу 875.000 долари, Кристофер Елис околу 840.000, а Џејлен Делгадо околу 120.000.
Тужителите не одат по некоја техничка ситница. Одат право по реченицата со која Apple ја продава разликата меѓу себе и конкуренцијата. „Како дел од долготрајна маркетиншка кампања, Apple се позиционираше себеси, своите производи и услуги, како да нудат ниво на безбедност и доверливост супериорно во однос на која било конкурентска технолошка компанија”, стои во тужбата. „Со тоа што задржа исклучива контрола врз тоа кои апликации се дозволени на уредите на Apple, компанијата ја структурираше својата платформа така што потрошувачите целосно зависат од нејзиното ветување за безбедност.”
Тоа е истиот аргумент со кој Apple со години се брани од регулаторите кога бараат отворање на екосистемот – трети продавници, инсталирање апликации однадвор. Затворената градина е побезбедна, гласи одбраната. Тужбата вели: ако е побезбедна, тогаш сносете ја одговорноста кога не е.
Има и уште нешто. Творецот на вистинскиот Sparrow, Крег Ро, јавно се жалел дека лажните копии стојат во продавницата – што значи дека предупредувањето не дошло од анонимен корисник, туку од човекот што го направил производот. Apple одби да коментира за тужбата, но соопшти дека апликациите што се претставуваат како други се прекршување на правилата и дека брзо ги отстранува. Додаде и дека моментално нема ниту една копија на Sparrow Wallet во продавницата.
Компанијата се повика и на својата анализа: во 2025 година одбила над 371.000 поднесени апликации што копирале други, биле спам или ги воделе корисниците во заблуда. Бројката е импресивна и истовремено ништо не докажува – 371.000 фатени не кажува колку поминале. Точно тоа е прашањето пред судот.
Тројцата бараат порота, враќање на парите и отштета, но бараат и нешто друго: Apple да постави предупредувања и објаснувања за ризиците во App Store. Тоа е побарувањето што компанијата најмалку го сака, бидејќи не се плаќа еднаш. Ако судот го прифати, „проверено од Apple” престанува да значи гаранција и станува само уште еден чекор во постапка.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Џефри Хинтон не се плаши од роботи, туку од темнина: струја и банки во колапс со денови. И признава дека...
Најпопуларните ВИ-другари имаат 220 милиони преземања, а многу од нив се насочени токму кон помладите. Apple сега бара ознака 18+,...
Половина метар пластика, испечатена во орбита. Звучи скромно, но целата вселенска индустрија се судира со едно ограничување: сè што лета...
Дизајниран од човекот што го цртал iPhone, исмеан на премиерата, распродаден пред првата испорака. Кога цената е над половина милион...
Подлабоко во проспектот за берза, во делот за ризици, Anthropic напиша дека развојот на моделите на компанијата можеби наскоро ќе...
Бундестагот брои потенцијално хакирани телефони, а Берлин молчи дали и Мерц бил на мета. Иронијата: германската полиција и самата купила...
Компанијата во сопственост на SpaceX тврдеше и дека граѓаните немаат право да тужат за воздухот што го дишат. Судот не...
Моделот на кинескиот WeChat сега го гради апликација во претежно американска сопственост. Кој одлучува каде јадеш, каде спиеш и кому...
Google плаќа за вештачка интелигенција што му ја јаде заработката од пребарувањето, Amazon за една година потрошил 42 милијарди долари...
Истражувачот што ја нашол дупката немал ни каде да ја пријави, па побарал помош од новинари. Компанијата сега вели дека...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.