Карпош го одложи панелот за семејно насилство закажан за март и никогаш не го презакажа, а за 50-годишнината се најавува избор на Мис Карпош
09.11.2026
09.11.2026
09.11.2026
09.11.2026
09.11.2026
09.11.2026
09.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
06.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
09.11.2026
09.11.2026
08.11.2026
09.11.2026
09.11.2026
09.11.2026
07.11.2026
07.11.2026
07.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Четири дена молк, па едно соопштение од две реченици. Толку добија граѓаните на Битола за смртта на 39-годишен струмичанец пронајден мртов во дворот на Клиничката болница, и за снимката што за тоа време ја сврте цела Македонија.
МВР соопшти дека идентитетот на лицата од видеото што кружи по социјалните мрежи е утврден и дека повеќе луѓе се повикани на службен разговор. И дека – тоа е клучната реченица – починатото лице Ј.И. во дворот на болницата не е човекот што на снимката го влече друго лице низ Широк Сокак.
Значи имаме две работи. Едно тепање пријавено на 31 август во 03:45 часот кај хотел на Широк Сокак. И едно мртво тело најдено потоа во дворот на болницата. МВР вели дека не се истите луѓе. Добро. А што се случувало во часовите помеѓу?
Токму тоа е делот што остана празен. Човекот бил на преглед во болницата ноќта, потоа излегол. Телото било најдено следниот ден. Помеѓу тие два моменти има интервал што никој засега не го исполнил со факти. Обдукцијата е наредена од јавен обвинител, материјалите одат до ОЈО, и толку.
Зошто четири дена?
Снимката не беше тајна. Таа беше секаде – на Фејсбук, во групи, на телефон кај половина град. Луѓето гледаа човек како влече друг човек по улица во центарот на Битола и прашуваа што се случило. Институцијата што има одговор молчеше четири дена, а потоа излезе со демант наместо со објаснување.
Демант е лесна работа. „Тоа не е тој човек“ не бара истрага, бара само споредба на две лица. Објаснувањето – кој е човекот на снимката, кој го влечел, зошто, дали е сторено кривично дело – тоа бара работа. И тоа сè уште го нема.
Кога институцијата остава празнина, некој друг ја пополнува. Четири дена социјалните мрежи го пишуваа сценариото наместо полицијата. Дали навистина мислиме дека тоа е случајна последица, а не предвидлива?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Румена Бужаровска го нарекува скандал во време на протести против фемицидите. Градоначалникот Лукровски вели дека општината не го организира изборот,...
Центарот постапил по закон, судот изрекол мерки, МВР немало пријава. На хартија сè било во ред, а 17-годишната девојка е...
Националниот парк и еколозите ги изодија трите лешнички долини и се враќаат со добри вести. Само едно не кажуваат: колку...
Судијката е болна, судницата празна, а меѓу две рочишта ќе поминат повеќе од седум недели. Една лекарка веќе ја призна...
Податоците протекоа од руската државна статистика, не од Кремљ. Најголемата цена ја плаќаат етничките републики, а Балканот добро знае колку...
Опремата ја симнале дури откако Вучиќ го призна поразот. Кој ги распоредил и за што биле подготвени, никој не кажува,...
Министерот за здравство и лидерот на ДУИ напишаа сочувство, но најточниот некролог го напишаа пациентите: години живот што ги имаат...
Мостот меѓу Аеродром и Гази Баба со години не поврзуваше ништо, бидејќи немаше пат до него. Сега се асфалтира, а...
За девет месеци 1.144 жени се жртви на семејно насилство. Предлогот што требаше да ги предупреди кога насилникот се приближува...
Еден коалициски партнер нуди решение, друг се заканува дека ќе си оди ако тоа помине. Испитот за идните судии стана...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.