Осомничен дека ја давел партнерката им избегал на полицајците низ прозорец во Битола: таа е во шелтер, тој на слобода
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
14.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
14.11.2026
13.11.2026
15.11.2026
14.11.2026
13.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
14.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
14.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Секоја есен модната индустрија прогласува нова „неутрална“ боја, и секоја есен половина од нас сфаќа дека ја нема во плакарот. Оваа година на ред е бојата на патлиџан – нешто меѓу пурпурна и темна виолетова, со нијанси на слива. Добрата вест: за разлика од многу трендови, оваа боја навистина се носи со сè што веќе имате.
Стилистите ја опишуваат како спој на длабочината на црната, топлината на чоколадно кафеавата и карактерот на виолетовите тонови. Правилно комбинирана, функционира речиси како неутрална – освежува без да вреска. Тоа е боја за оние што сакаат промена, а не сакаат да изгледаат како да се облечени за маскенбал.
Најлесниот влез е горната облека. Волнено палто, структуриран блејзер или мантил во боја на патлиџан се алтернатива на вечната црна и камел. Со прави панталони, тенок плетен џемпер и кожни чевли, комбинацијата останува сериозна, но со еден детал што се памети.
Плетените парчиња се природен избор за сезоната – џемпер со висока јака, кардиган или плетен фустан. За поелегантен ефект, стилистите ги комбинираат со тесно скроени панталони во темно сива или со сатенско миди здолниште.
Ако цел капут во оваа боја ви е премногу храбар, почнете со додатоците: кожна чанта, класични чевли со штикла, ракавици или шал. Мала доза боја прави разлика без да го менува целиот изглед.
Со што се комбинира? Црната е сигурен избор за урбан, елегантен изглед. Сивата, особено потемните нијанси, го засилува софистицираниот карактер. Беж, крем и скршено бела ја омекнуваат и внесуваат светлина. Чоколадно кафеавата и бордо даваат есенски комбинации со различна длабочина, а морско сината е дискретна и современа опција.
За храбрите има и монохроматски изглед: различни нијанси на виолетова и слива во еден ансамбл, со игра на текстури – волна, велур, кожа и сатен. Дење, бојата оди со прави фармерки, бели кошули и мокасини. Навечер, фустан во боја на патлиџан со црни или метални додатоци е можеби најелегантниот избор на сезоната.
Модата ќе ви каже дека ова е бојата на есен-зима 2026/2027. Поважно е што е боја која ќе ја носите и следната година, кога трендот ќе се смени. „Интензивна, разноврсна и далеку од очигледното“ – ретко кој моден опис е и практичен совет.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Карирано палто првиот ден, антилоп вториот, бордо лента за коса и чизми за кал. Зара Тиндал на трките се облекува...
Затегнатоста и лупењето зиме често доаѓаат од сувиот загреан воздух. Дерматолозите велат дека решението не е да се исклучи греењето,...
Свадба во боја пред 500 милиони гледачи, тијара од баба ѝ и гранче мирта од грмушката на кралицата Викторија. Од...
Не се само за лето и не мора да одат со црно. Камел, сиво и долг капут боја на карамела...
Мрсен скалп може да се мие и секој ден, сув и кадрав еднаш-двапати неделно. А експертот што го урива митот...
Ана и Марко ја дочекаа Новата година со свадба. Ритуалот за сонце ден претходно, очигледно, функционирал наопаку.
Создадена во 1894 година за рибарите од северна Англија, денес ја носат и кралот Чарлс и фестивалската публика. Приказна за...
Врелата вода може да однесе дел од липидите на кожната бариера, а ледената не носи никаква дополнителна придобивка. Две лекарки...
Фустан подарок од бабата, два бели каранфили наместо превез и маса наречена Поларис што постоеше само на платно, за бабите...
Модата повторно го открива она што можеби лежи во старите ормари: шари како на таписерија, вез и крзно. Еве како...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.