Шест полицајци суспендирани за тепањето кај Сарај: МВР призна неправилности, синдикатот раскажува сосема друга приказна
12.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
11.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
11.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
11.10.2026
10.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
12.10.2026
10.10.2026
08.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Министерката за енергетика Сања Божиновска во своето последно интервју се пофали дека Министерството постигнало 100% на Индексот на активна транспарентност.
Но се поставува едно едноставно прашање: Каква е таа 100% транспарентност ако граѓаните не можат слободно да ги прочитаат најважните договори во енергетиката?
Каде се јавно објавените договори за големите енергетски инвестиции? Каде се финансиските услови под кои приватни компании добиваат можност да ги користат државните ресурси? Каде се пресметките за тоа колку заработува државата, а колку приватните инвеститори?
Или конкретно
-Договор за продажба на ЕСМ Дистрибуција на австриската ЕВНдоговор за продажба на ЕСМ Дистрибуција на австриската ЕВН
-Малите хидроелектрани дополнително ѝ биле дадени на ЕВН за покривање на загубите во електродистрибутивната мрежа, но нема јавен договор
-, Македонската држава задржала 10% сопственост во ЕВН, но 20 години нема ревизија
-Зошто јавно не се објават износите што ЕВН ги наплатила за приклучување на сите соларни централи, ветерници, индустриски капацитети
-Регулаторната комисија во своите пресметки веќе препознава посебна категорија на бесплатно добиени средства и средства финансирани преку надоместоци за приклучување. Дали има случај инвеститор да плати трафостаница, да ја предаде на ЕВН, а потоа истата трафостаница да создава дополнителен регулиран приход за операторот.
-Ревизорските наоди за МЕПСО отвораат сериозни прашања за евиденцијата и впишувањето на електроенергетската инфраструктура во Македонија, но нема одговори.
–Како и врз која правна основа ЕВН влегува во инвестиции поврзани со 110 kV електроенергетската инфраструктура?
-Владата одобрила долготраен закуп на 1.344.965 квадратни метри државно земјиште, односно речиси 135 хектари, за изградба на ветерен парк. Станува збор за проектот на Alcazar Energy Partners, инвестициска групација со седиште во Луксембург, преку проектната компанија ШТП ВИНД ДООЕЛ Скопје, но никаде нема договор јавно достапен
-При изборот на приватните партнери во 2021 година за соларни централи кај Осломеј биле објавени понуди според кои ЕСМ треба да добива надоместок еквивалентен на 18,51% и 18,01% од произведената електрична енергија, вреднувана според договорените услови, но нема никаде јавно достапни податоци освен на сјтот на ЕСМ каде пишува 10%.
-ЕСМ потпиша тригодишен договор со КЕК за околу 3 милиони тони јаглен од Обилиќ, по фиксна цена од 24,4 евра за тон, но дали се испитани и другите варијанти на набавка на јаглен, дали се пресметани крајните трошоци, каде се анализите
-Република Македонија долгорочно има огромни загуби во електродистрибутивниот со чиста математика 16.2%. Каде се создаваат овие загуби и кој ги плаќа
–Регулаторната комисија за енергетика го одобрува и дозволениот принос што влегува во регулираниот приход на Електродистрибуција, но кој ги контролира тогаш
Кога ќе ги објавите договорите, финансиските пресметки, ревизиите и документите што покажуваат како се управува со државните енергетски ресурси, тогаш ќе можеме да зборуваме за вистинска транспарентност.
Транспарентноста не се докажува со 100% во некаков индекс, туку со одговори поткрепени со документи, факти и бројки.
Кога секој граѓанин ќе може да провери кој што потпишал, колку пари се наплатени, кој заработил и што добила државата, тогаш слободно излезете пред јавноста и кажете: „Да, јас сум транспарентна!“
До тогаш, не бараме проценти и пофалби. Бараме одговори!
Најновите 10 вести од оваа категорија
На 12 октомври 2026 година, министерот за транспорт Александар Николоски најави почеток на изградбата на автопатот...
Цената на „Тинекс“, снимките од Сарај, условите за новата граѓанска обврзница: ден во кој најважниот податок секаде остана необјавен. А...
Секоја најава оваа недела дојде со датум и фотографија. Недостасуваше последниот ред: колку вода влегува во Дојран, кој гради на...
Софија своите услови ги кажа од говорница, МВР засега не кажува што се случило во Сарај, а државата се задолжува...
Октомври гори, а пет пожари избиле на депонии. Буџетот се крати кај инвестициите за поевтино гориво, Софија нуди подготвеност наместо...
Проверките на социјалното застанаа на паркингот, обвинителот што ги надгледува обвинителите сега е осомничен, а државата во свој план признава...
Обвинителството претресува свој обвинител, внатрешната контрола пријавува своја службеничка, а Владата бара доверба на збор за пензиите и за Софија....
Владата прави втор ребаланс и не кажува каде ќе крати, тезгите на Бит-пазар паѓаат, а Градот упатува на Чаир. Денот...
Владата ветува поевтин дизел и во една изјава признава дупка во касата, парното е пресметано по гас што веќе не...
Мрежа „недопирлива“ повеќе од 15 години, болница што се гради од осумдесеттите, преговори што Скопје и Тирана ги отворија заедно....
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.