Осомничен дека ја давел партнерката им избегал на полицајците низ прозорец во Битола: таа е во шелтер, тој на слобода
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
14.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
14.11.2026
13.11.2026
15.11.2026
14.11.2026
13.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
14.11.2026
15.11.2026
15.11.2026
14.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Canva, платформата за дизајн со која стотици милиони луѓе прават постери, презентации и објави, отпушта 1.271 луѓе, односно 22 отсто од персоналот. Причината ја кажа самата компанија: растот, за прв пат во последните десет години, забавил.
Соосновачката и извршна директорка Мелани Перкинс на вработените им испрати писмо што звучи како сите писма од овој вид. „Во изминатите тринаесет години, од сон во презентација за инвеститори направивме платформа што ја користат стотици милиони луѓе“, пишува таа, за веднаш потоа да додаде дека „успехот во првото поглавје не гарантира успех во следното“ и дека ова е „најтешката година досега“.
Што се менува, освен бројот на луѓе? Тимовите за производ, раст и платформа се спојуваат во еден, за да има помалку триење во комуникацијата. Компанијата се откажува и од тесната специјализација, што на човечки јазик значи дека тие што остануваат ќе добијат повеќе задачи. Работата од дома се скратува – се преминува на хибриден модел, со неколку дена неделно во канцеларија.
Позадината е поинтересна од писмото. Canva развива сопствени ВИ-модели за да ги намали трошоците и зависноста од туѓите, но трошоците за вештачка интелигенција толку нараснаа што компанијата мораше прогнозата за раст на приходите да ја спушти од 30 на 20 отсто. Раните инвеститори уште порано годинава ја намалија проценетата вредност на компанијата на околу 35 милијарди долари (околу 31 милијарда евра).
А конкуренцијата не доаѓа само од други стартапи. ChatGPT и Gemini денес составуваат постер или презентација од една реченица. Иронијата е тешко да се промаши: компанијата што на секого му даде алатка да прави дизајн без дизајнер сега гледа како чет-ботовите го прават тоа без неа. Колку други компании што пораснаа на ветувањето „лесно за секого“ ќе бидат следни?
Најновите 10 вести од оваа категорија
„Кога Nvidia беше меѓу сопствениците, сите се чувствуваа сигурно.“ Сега чековите ќе бидат помали, вреднувањата пониски, а Европа можеби останува...
Дата центар на брод, ладен и напојуван од океанот. Звучи како научна фантастика, но концептот е од 1950-тите - ново...
Облакот од Амстердам ќе троши 40 милијарди долари со парите на купувачите, а еден од најголемите купувачи веќе чека задоцнети...
Стартапот првите чипови ги ветува дури следната година, а веќе вреди над 5 милијарди фунти. Британската влада влезе со свој...
Компанијата што ти ги следи сонот и пулсот сега сака да биде и првата врата до лекарот. Пред неколку недели...
Компанијата што почна носејќи крв до болниците во Руанда сега гради мрежа на дронови над американските предградија. Инвеститорите плаќаат за...
Тројца соученици од Стенфорд ја продаваат идејата дека ВИ може да трупа искуство како вработен. Nvidia е и инвеститор и...
Имаше независна ревизија за приватност и пари од Khosla Ventures, но не и капитал за трката со Muse и Instinct....
Народната банка вели дека одземената дозвола во Белград сама по себе не значи ништо автоматски за Битола. Правно е така....
Добивката е малку помала од лани, ама над планот. Најголемиот раст на каматите доаѓа од државата, а провизиите растат и...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.