Вештаците за „Пулс“: сунѓерот на таванот при горење ослободувал цијанид, а инспекторот можел и морал да го затвори објектот
02.09.2026
02.09.2026
02.09.2026
02.09.2026
02.09.2026
02.09.2026
02.09.2026
02.09.2026
01.09.2026
31.08.2026
02.09.2026
02.09.2026
01.09.2026
02.09.2026
02.09.2026
02.09.2026
02.09.2026
01.09.2026
31.08.2026
02.09.2026
02.09.2026
02.09.2026
02.09.2026
01.09.2026
31.08.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
02.09.2026
01.09.2026
01.09.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Мексиканскиот Карибик е едно од оние места што ги продаваат како фотографија, а всушност се геологија. Целиот полуостров Јукатан е варовник – камен што водата го јаде со милениуми. Резултатот се ценотите, дупки во земјата полни со слатка вода, некои отворени кон небото, некои целосно подземни, поврзани во мрежа што сè уште не е целосно измерена.
Маите ги сметале за влезови кон подземниот свет. Денес во нив се плива, се нурка со маска или само се седи и се гледа. Кај Пуерто Морелос постои цела Рута на ценотите: отворени како Хардин дел Еден и Кристалино, среде џунгла, и затворениот Елвира, каде што се влегува само со претходна резервација бидејќи е природен резерват. Правилата се јасни – крема за сончање и спрејови остануваат надвор, инаку водата ја платат рибите.
На брегот е Тулум, единствениот утврден мајански град изграден директно над морето. Пирамидата стои на карпа, под неа е бирузена вода, и таа комбинација е причината зошто фотографијата од Тулум е препознатлива дури и на луѓе што никогаш не слушнале за Мексико. Подлабоко во копното е Коба, помалку туристичка и повеќе џунгла. Надвор од државата Кинтана Ро е Чичен Ица, едно од новите седум светски чуда.
Канкун е влезната врата и таму почнува секое патување, но не е таму приказната. Хотелската зона се протега меѓу Карипското Море и лагуната Ничупте, а плажата Делфинес има околу дваесет километри бел песок. Пунта Низук е заштитено подрачје со корали и морска трева. Музејот на мајанската култура во Канкун е местото каде што сето она што ќе го видите на терен добива контекст – што е ретка услуга во туристички град.
Акумал е местото каде што луѓето одат заради желки. Во плитките води се хранат морски желки и со маска може да се пливаат покрај нив, но само преку овластени водичи што ја држат дистанцата. Разликата меѓу „пливање со желки“ и „вознемирување на желки“ е точно колку метри си оддалечен, а таа разлика е законски регулирана.
Косумел, островот наспроти Плаја дел Кармен, е меѓу првите дестинации за нуркање во светот. Националниот парк Арецифес де Косумел штити околу 12.000 хектари морски екосистеми во рамките на Мезоамериканскиот гребен, вториот по големина корален систем на планетата. Локациите Ел Сиело и Ел Сиелито се познати по плитка вода и по морски ѕвезди што лежат на песочното дно како расфрлани.
Најдоброто нешто на списоков не се резервира. Во сезоната, на плажите околу Канкун, ноќе се излупуваат бебе-желки и трчаат кон водата. Не смеат да се допираат, не смеат да се осветлуваат со телефон или ламба, не смее да им се пречи на патот. Тоа значи дека единственото што можеш да го направиш е да стоиш и да гледаш – што за просечен турист со камера е потешко отколку што звучи.
Од Скопје дотаму се стигнува со најмалку едно, обично две преседнувања и цела ноќ во авион. Не е одмор што се планира за седум дена. Но за разлика од многу дестинации што се продаваат со истите зборови, тука она што го гледаш не е направено за тебе – ценотите се тука милиони години, желките доаѓаат на истата плажа по инстинкт, а гребенот не забележал дека сме дошле.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Педесет километри од брег, деветнаесет хектари копно и ниту еден хотел. Четириесет години подоцна, морето под Колумбретес е меѓу најздравите...
Августовската гужва си замина, водата останува топла уште недели. Едната плажа нема ни туш ни сенка - таму се носи...
Градот на кантри музиката географски не лежи на легендарната Хајвеј 61 - мора да свртиш настрана. Токму тоа свртување ја...
Час на едрилица чини 25 евра, а зајдисонцето 43. Најубавиот детал во градот е носорог врежан во камен во 1515...
Од шесте, само два се населени преку целата година, а два се речиси празни. Кога следниот пат ќе слушнете дека...
Пирамидата подигната во чест на диктаторот денес е училиште за уметности. Ние сè уште расправаме дали архивите да се отворат,...
Кусто го нарече Кортезовото Море аквариум на светот - 900 морски видови и 33 вида цицачи ја држат бројката. Гребенот...
Половина час читање пред да се плати билетот ги решава сите десет. Прашањето е зошто тој половина час го немаме,...
Ротенбург на Таубер го задржа распоредот од пред шестотини години, а ѕидот околу него е долг четири километри и има...
Илјада километри во Тихиот Океан, 13 големи острови и видови што не постојат никаде на друго место. Строгите правила таму...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.