Skip to content

Ѓубриштето зад „Џевахир“ конечно се чисти: Аеродром ветува парк од 3.000 квадратни метри

0 мин. читање
Сподели
Ѓубриштето зад „Џевахир“ конечно се чисти: Аеродром ветува парк од 3.000 квадратни метри

Каде е најблискиот контејнер за рециклирање и кои стојат полни со денови? Сè е на една мапа, со податоци што се ажурираат секој ден.

Отвори го водичот за рециклирање →

Просторот во непосредна близина на комплексот „Џевахир Скај Сити“ во Општина Аеродром, кој подолго време служеше како дива депонија, конечно се расчистува. На негово место треба да никне парк од околу 3.000 квадратни метри, со детско игралиште, пешачки патеки, урбана опрема и зеленило, систем за наводнување на целата површина и целосно нови линии за осветлување.

Градоначалникот Дејан Митески изврши увид во расчистувањето и соопшти дека проектот се реализира заедно со компанијата „Џевахир“, на која ѝ се заблагодари за поддршката и соработката.

Локацијата изминатата година постојано беше полна со секаков вид отпад, секојдневна глетка за жителите на „Џевахир“ и околните згради. Ѓубрето таму не се натрупа за една ноќ, а багерот дојде дури сега.

Паркот е добра вест. Но приказната носи и две прашања. Прво, ако на едно место во градот цела година се собира ѓубре, кој требаше да го собира, а не го собираше? Второ, кога комунален проблем се решава „во соработка со компанија“, граѓаните имаат право да знаат кој што плаќа и кој ќе го одржува паркот откако ќе заврши отворањето.