Китка гори веќе денови, а ДЗС вели дека некој секој ден повторно ја пали
27.08.2026
27.08.2026
27.08.2026
27.08.2026
27.08.2026
26.08.2026
25.08.2026
27.08.2026
27.08.2026
26.08.2026
27.08.2026
26.08.2026
25.08.2026
27.08.2026
26.08.2026
26.08.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
26.08.2026
25.08.2026
24.08.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Во Галичник од 26 август се воведува рестрикција на водоснабдувањето – водата се прекинува секоја вечер од 21 до 6 часот наутро. Официјалното објаснување е сушниот период и зголемената потрошувачка. Но постои и друга објава на Месната заедница, објавена претходно, која е далеку понепријатна за читање.
Некој намерно внел дрво, коноп и друг туѓ материјал во јавниот резервоар со вода за пиење.
Не се работи за небрежност, за паднат гранка или за нечистотија што ветерот ја однел. Од МЗ Галичник директно се обраќаат на сторителот, во второ лице, како до познат адресат: „До лицето кое намерно внело дрво, коноп или друг туѓ материјал во резервоарот со вода за пиење“.
Кога месната заедница мора сама да ти го цитира Кривичниот законик
Она што следува во таа објава е нешто што ретко ќе го видите во соопштение на месна заедница – целосен правен опис на кривичното дело, со член и став.
Предупредуваат дека вакво постапување може да претставува кривично дело по член 219 од Кривичниот законик, „Загадување вода за пиење“, кој гласи: „Тој што со некоја штетна материја ќе ја направи неупотреблива водата за пиење во извори, бунари, цистерни или резервоари или некоја друга вода за пиење, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години“.
Не застануваат тука. Бидејќи резервоарот е јавен и водата ја користат повеќе семејства, најавуваат дека ќе се испита и примената на член 291 – „Уништување или оштетување јавни инсталации“, кој за онеспособување на инсталации за јавна употреба на вода со значително нарушување на редовниот живот на граѓаните предвидува затвор од шест месеци до пет години.
Фотографии, институции и камери што допрва доаѓаат
Од МЗ Галичник соопштуваат дека фотографиите се испратени до надлежните институции и дека во најкраток рок околу резервоарот ќе бидат поставени камери за видеонадзор.
Прочитајте ја таа реченица уште еднаш. Селото има фотографии од дејствието, го знае членот од законот, ги известило институциите – и во меѓувреме само за себе набавува камери, бидејќи очигледно никој друг нема да го стори тоа.
Галичник не е анонимно место. Тоа е едно од најпознатите македонски села, слика од која живее целиот бренд на македонскиот планински туризам. И во тоа село некој фрла коноп во резервоарот за пиење вода, додека траат рестрикции поради суша.
Апелот што паѓа на грбот на погрешните луѓе
Крајот на приказната е класичен. Од МЗ Галичник апелираат до сите жители и посетители водата да ја користат разумно и одговорно, исклучиво за неопходните потреби, и да избегнуваат полевање на дворовите. Со заедничка одговорност, се вели, ќе се придонесе за стабилно водоснабдување во сушниот период.
Односно: сите штедете, бидејќи еден човек прави што сака со заедничкиот резервоар. Тоа е образец што Македонија го знае напамет – штетата ја нанесува поединец, товарот се дели меѓу сите, а прашањето дали воопшто некој ќе одговара останува отворено додека селото само си купува камера.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Министерката Јаневска ги објави бројките и одговорноста за парталавите учебници ја префрли на училиштата. Разликата меѓу родените и запишаните останува...
Топол воздух од Африка трае до недела, а од петок над земјата доаѓа и песок. Препораката е да избегнувате престој...
Пет починати, 80 отсто од заболените над 60 години. Аеродром е под прогласена епидемија со четворица заразени, а не спровел...
Камери ги читаат регистарските таблички - втор долазок во истиот ден значи паркинг од најмалку 100 денари. Најмногу ќе го...
Претпријатието соопшти дека ги мие сите микролокации во сите општини. Скопјани истовремено објавуваат фотографии од улици нечистени, како што пишува...
Директорот тврди дека кучињата немаат ушни маркички - значи не се улични, туку донесени и оставени. И во истата реченица...
Дваесет и три пожари во еден ден, авионите се пренасочуваат од жариште на жариште. А на Китка некој чека екипите...
Триста паралелки помалку, дваесет и шест села без училиште. Јаневска вели дека „успеале“ да го направат тоа - но празната...
Бротче удри во СУП даска покрај брегот, а одговорот дојде од граѓани со даски во вода. Тринаесет спасители на единаесет...
Огнот не се гаси - се затрупува со земја. И кога расчистувањето значи товарање камиони без евиденција каде истовариле, тогаш...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.