Китка гори веќе денови, а ДЗС вели дека некој секој ден повторно ја пали
27.08.2026
27.08.2026
27.08.2026
27.08.2026
27.08.2026
26.08.2026
25.08.2026
27.08.2026
27.08.2026
26.08.2026
27.08.2026
26.08.2026
25.08.2026
27.08.2026
26.08.2026
26.08.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
26.08.2026
25.08.2026
24.08.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Годинава во првите одделенија се запишани околу 14.500 првачиња. Во 2020 година, кога е родена таа генерација, во Македонија се родиле 19.031 дете. Разликата не е грешка во заокружувањето – тоа се илјадници деца кои некаде исчезнале од системот меѓу раѓањето и школската клупа.
Министерката за образование Весна Јаневска на прес-конференција потврди дека бројот е помал од лани и нагласи дека сè уште не е конечен, бидејќи запишувањето на задоцнетите првачиња трае до крајот на септември. Тоа е точно. Но за да се затвори јазот меѓу 14.500 и 19.031, во септември би требало да се пријават уште околу 5.000 деца – што досега не се случило ниту една година.
Триста паралелки помалку и 26 училишта што се затвораат
Последицата министерката ја кажа без замотување: во основното образование има околу 200 паралелки помалку, во средното околу 100 помалку. Годинава се очекува да бидат затворени 26 рурални училишта во кои нема запишано ниту едно првче, а во некои од нив учат само пет до осум ученици.
Јаневска ја брани одлуката со аргументот дека станува збор за квалитет, а не за штедење: „Ако имаме централно училиште во кое учат 200 деца, а на 2,5 километри имаме училиште во кое учат 18 деца, нема логика да ги чуваме заробени децата во тоа училиште“, рече таа.
Постои и правило кое ја смекнува мерката – училиштата нема да се затвораат ако најблиското е оддалечено 15 или 20 километри или ако патиштата се несоодветни и небезбедни за мали деца.
Аргументот за социјализација на децата од комбинирани паралелки е сериозен и има основа. Проблемот е што секое затворено рурално училиште затвора уште една врата во село кое веќе се празни. Прво заминува школото, потоа семејствата со деца, потоа селото. А тоа не го решава ниту една реформа на училишната мрежа.
Парталавите учебници: одговорноста е кај другите
Во истиот настап дојде и одговор на прашањето кое секој септември полни социјални мрежи – искинатите и неупотребливи учебници. Јаневска не се обиде да ветува дека нема да ги има.
„Не можам да кажам дека ќе нема. За жал, верувам дека и ќе има. Но искрено верувам дека тоа ќе биде сведено на минимум и дека ќе биде инцидентно“, рече министерката.
Но клучната реченица е следната: „Тие што не побарале е нивна одговорност и Министерството во иднина нема да презема никаква туѓа одговорност затоа што три години спроведуваме систем кој е стабилен и кој обезбедува стабилна набавка на учебници“.
Со други зборови – системот е стабилен, електронскиот систем за пријавување оштетени учебници беше отворен долго време, и ако вашето дете на 1 септември добие книга без корица, вината е на училиштето кое не пријавило навреме. Според правилото, учебниците се менуваат на секои пет години, а директорите се должни да ги евидентираат оштетените, да ги наплатат од родителите и да порачаат нови.
Формално – сè стои. Практично, детето со искината книга не се интересира кој кому не пријавил на време.
Целодневна настава како одговор на сè
Јаневска нагласи дека засега не е отпуштен ниту еден наставник на неопределено време и дека надвор од Скопје кадарот е доволен. Во некои скопски општини, како Аеродром, недостасуваат наставници и таму очекува вработувања.
Решението што го нуди е целодневна настава – две одделенски наставнички во една паралелка, една во првата половина од денот, друга во втората, со деца во училиште до 16 часот. Целта, како што вели, е родителите да бидат слободни.
Ако бројот на деца паѓа, а бројот на паралелки паѓа со него, тогаш прашањето за следните години не е колку паралелки ќе згаснат. Прашањето е дали воопшто некој има план за причината – зошто од 19.031 родено дете, до првото одделение стигнуваат 14.500.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Месната заедница сама му го цитира Кривичниот законик на сторителот и сама си набавува камери. Институциите ги добиле фотографиите, а...
Топол воздух од Африка трае до недела, а од петок над земјата доаѓа и песок. Препораката е да избегнувате престој...
Пет починати, 80 отсто од заболените над 60 години. Аеродром е под прогласена епидемија со четворица заразени, а не спровел...
Камери ги читаат регистарските таблички - втор долазок во истиот ден значи паркинг од најмалку 100 денари. Најмногу ќе го...
Претпријатието соопшти дека ги мие сите микролокации во сите општини. Скопјани истовремено објавуваат фотографии од улици нечистени, како што пишува...
Директорот тврди дека кучињата немаат ушни маркички - значи не се улични, туку донесени и оставени. И во истата реченица...
Дваесет и три пожари во еден ден, авионите се пренасочуваат од жариште на жариште. А на Китка некој чека екипите...
Триста паралелки помалку, дваесет и шест села без училиште. Јаневска вели дека „успеале“ да го направат тоа - но празната...
Бротче удри во СУП даска покрај брегот, а одговорот дојде од граѓани со даски во вода. Тринаесет спасители на единаесет...
Огнот не се гаси - се затрупува со земја. И кога расчистувањето значи товарање камиони без евиденција каде истовариле, тогаш...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.