Полицаец од Драчево возел без положен возачки испит: Кој ги проверува оние што ги проверуваат другите?
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
17.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
17.10.2026
16.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
18.10.2026
17.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Заклучно со 25 август во Македонија биле регистрирани вкупно 50 случаи на западнонилска треска – 47 потврдени и три веројатни, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје. Лани, во истиот период, случаите биле два.
Не два стотини. Два.
Кој заболува и каде
Според место на живеење, 48 од случаите се од Скопје, а по еден од Велес и Куманово. Регистрирани се 49 автохтони случаи, што значи дека заразата е стекната тука, во Македонија, а не донесена од странство. Само еден случај има историја на патување во Грција, но и кај него инкубацискиот период покрива и престој дома.
Возрасната слика е уште поостра. Дури 40 од 50 заболени, односно 80 отсто, се лица над 60 години. Седум се на возраст од 50 до 59, едно лице од 30 до 39 и две лица од 20 до 29 години. Просечната возраст на заболените е 66,1 година.
Тоа е возрасната група која најтешко ја поднесува болеста. Според последниот пресек, 52 од 53 лица кои прележале, се лекуваат или сè уште се водат како сомнителни, развиле невроинвазивна форма на заболувањето – онаа која го зафаќа нервниот систем. Само еден пациент имал форма без зафаќање на нервниот систем и веќе е излекуван.
Досега се регистрирани пет смртни случаи. Осумнаесет пациенти со потврдена дијагноза се лекуваат на Клиниката за инфективни болести, за уште тројца хоспитализирани се чекаат резултати, а шест лица се на интензивно лекување.
Мапата што кажува премногу
Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје пуштија интерактивна мапа на healthalert.mk, каде граѓаните можат да проверат каде се регистрирани случаите, кои подрачја се ризични и каде досега се прскало. Прикажани се бројот на заразени, општините, хоспитализираните, оздравените и починатите, како и стапката на заразеност од 2,7 на 100.000 жители.
Сајтот е добро направен. И токму затоа е неудобен – бидејќи ги прикажува и работите што не се направени.
Општина Аеродром има четворица заразени, плус еден од Долно Лисиче, и е под прогласена епидемија – но не спровела вонредно прскање против комарци. Чаир има двајца заразени и високоризични подрачја околу себе, а годинава не прскал воопшто. Илинден, каде има тројца заразени, од април до јули прскал пет пати.
Каде живеат комарците
Поплавените подруми и шахти во Аеродром, Ново Лисиче и Чаир се означени како високоризично подрачје преку целата година. Списокот на многу високоризични локации е долг: Шуто Оризари со септичките јами и стоечка вода, рибниците и наводнувачките базени во Кадино и Мралино, реката Серава во Радишани, Љубанци и Бутел, потоа низводно кај Арачиново, Мојанци и Орланци, колекторот и лагуните на отпадни води во Отовица, одводните канали во Јурумлери, Стајковци, Сингелиќ, Драчево и Ќојлија, Маркова Река, Катлановското Блато и каналите во Батинци, Студеничани и Долно Количани.
Дури и езерцата во Градскиот парк се оценети како места со среден ризик – сами по себе слаб извор, но при застој на пумпите од 8 до 10 дена даваат цела генерација комарци, со птиците како засилувачи и со највисока изложеност на луѓе во градот.
Во Скопје заврши четвртата тура прскање против возрасни комарци – авионско на 20 и 21 август, земјено од 20 до 26 август, плус шест вонредни третмани во Гази Баба, Драчево, Зелениково, Студеничани, Бутел и Ѓорче Петров.
Од информација до дејство
Министерството подготви и ажурирано упатство за матичните лекари. Посебно внимание се бара кај пациенти на имуносупресивна терапија, бидејќи кај нив дел од тестовите можат да дадат лажно негативен резултат – па се препорачува користење на повеќе тестови.
Сето тоа е точно, стручно и навремено. Но една мапа со означени легла на комарци има смисла само ако некој ги црпи податоците и презема мерки. Општина која е под прогласена епидемија, гледа четворица свои заболени на мапата и сепак не спроведува вонредно прскање – таа општина не страда од недостиг на информации.
Прашањето по објавувањето на мапата не е повеќе „каде се комарците“. Прашањето е кој одговара кога локацијата е позната, ризикот е обележан, а прскањето го нема.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Меѓународен тим нуркачи ја истражи пештерата до 338 метри и ја подигна Матка од трето на прво место на светската...
Со измените на Законот за животна средина се избришани одредбите за контаминираните подрачја, а новиот закон за почвите, иако изработен,...
Градот вели дека договорот со „Мастеф“ го раскинал за да избегне двојна набавка по пресуда во корист на поранешен добавувач....
Градоначалникот на Чаир го пофали наследството на Старата скопска чаршија и ги прегледа зафатите од мастер-планот со турскиот урбанист Бајрам...
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски порача дека солидарноста треба да биде секојдневна обврска. Тешкиот дел од таа обврска веќе го носат волонтерите...
Сотир Пановски, првиот професор на факултетот, менторирал над 250 дипломски работи. Факултетот, постар од самиот универзитет, бележи раст на запишани...
Градоначалникот Дејан Проданоски го најави зафатот со видео на социјалните мрежи. Цената, изведувачот и рокот не беа дел од објавата.
Целосно нов коловоз, потпорни ѕидови и тротоари на дел од улицата, а паралелно и асфалт на „Јаким Стојковски“. Колку метри...
Золадекс пак го нема, Phesgo задоцни, а пациентки со рак на дојка заминаа дома без терапија. Клиниката упатува на дистрибуцијата,...
Договорот од 10 милиони евра имал рок од 36 месеци, подолг од ветувањето на градоначалникот. Скопје е без забавен парк...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.