Кулата на Водно готова од јануари, се отвора дури во јуни: кога доцнењето стане норма, престануваме да го броиме
04.06.2026
04.06.2026
04.06.2026
04.06.2026
04.06.2026
04.06.2026
04.06.2026
04.06.2026
03.06.2026
03.06.2026
04.06.2026
04.06.2026
04.06.2026
04.06.2026
03.06.2026
02.06.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
14.04.2026
07.11.2025
07.11.2025
Нема достапни вести во оваа категорија.
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Граѓаните на Карпош избраа еден градоначалник – а општината веќе речиси месец дена ја води сосема друг човек. Сотир Лукровски е на боледување од крајот на мај, без официјална информација за причината или за датумот на враќање, а во негово отсуство работите ги раководи советник.
Со општината привремено управува Неделчо Крстевски од ВМРО-ДПМНЕ, чиј советнички мандат е во мирување. Тука почнуваат проблемите – и тие не се само политички, туку и правни.
Прво, титулата. Иако во јавноста го нарекуваат „заменик-градоначалник”, таква функција не постои во македонското законодавство. Законот за локална самоуправа дозволува само привремена замена со советник, не формална заменска позиција. Второ, рокот. Според статутот на општината, замената треба да се определи во рок од 30 дена од стапувањето на функцијата – а Лукровски го назначил Крстевски на 7 мај, дури шест месеци по преземањето на функцијата.
Поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски не ја пропушти приликата за критика, опишувајќи занемарен Карпош: „Трева до колена. Скршена урбана инфраструктура. Исушени дрвја. Вака изгледа Карпош денес.” Дали тоа е реалност или политичка пресметка – граѓаните најдобро гледаат од сопствените прозорци.
Зад спорот лежи познат балкански модел. Веќе видовме како во Аеродром, по заминувањето на Тимчо Муцунски во 2024, привремениот заменик управуваше дури 16 месеци до избори. Прашањето што останува без одговор е елементарно: има ли граѓанинот право да знае кој му управува со општината и зошто? Или „здравствени причини” е доволно објаснување за да се замолчат сите прашања?
Најновите 10 вести од оваа категорија
155 метри и 20 милиони евра, завршена половина година, а сè уште чека хартии од шалтер до шалтер. Секој ден...
Загинатите паднати од 56 на 39 за пет месеци, странските таблички конечно ќе се казнуваат. Но тротинетите со години се...
Државната ревизија откри исплати на координатори што законот не ги предвидува и прием на 130 слушатели поништен во декември. Со...
56 објекти избришани од листата на културни добра. Барањето за итна заштита стигнало пред долг викенд, куќата урната пред некој...
Коренот на проблемот со уличните кучиња не е на улица, туку дома. Нов закон бара регистрација и надзор - но...
Додека со години траат дебатите околу согорувањето на отпад во печките на Титан Усје, финансиските резултати покажуваат дека компанијата работи...
Каматата на задоцнето плаќање знае да нарасне повеќе од самиот долг. Ако сте меѓу оние што го одложуваат за подоцна...
Боледувањето не е срам. Молкот е друга работа. Општината не е приватна фирма туку јавна институција - молк и насмевка...
Барем некој се сетил дека базен затворен преку лето е базен затворен кога најмногу треба. Прашањето е дали „наесен" ќе...
Лесно е да се аплаудира на соларни панели; потешко е да му одговориш на рударот каде ќе работи за пет...