Мицкоски: Реконструкцијата на Владата до крајот на јуни, списокот пред Собранието до 1 јули
20.06.2026
20.06.2026
20.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
18.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
19.06.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
Нема достапни вести во оваа категорија.
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Надворешниот долг се намалил, внатрешниот се зголемил. Вкупниот Јавен долг во третиот квартал од годинава во споредба со вториот квартал достигна 9.730.100.000 евра или 58,5% од Бруто домашниот производ. Новите податоци од Министерството за финансии покажуваат дека како процентуален удел, јавниот долг изнесува 58,5% од БДП и во однос на второто тромесечје нема промена но како апсолутен износ тој е зголемен за 16.000.000 евра.
Пресметката на податоците што ја направи „Локално“ покажува дека внатрешниот долг се зголемил на 4.240.400.000 евра или за 112.300.000 евра во однос на вториот квартал додека надворешниот долг на ниво од 5.489.700.000 евра е намален за 96.400.000 евра. На крајот на септември има пораст и на гарантираниот и на негарантираниот долг на Јавните претпријатија на локално ниво и на Град Скопје и на државните фирми па така гарантираниот долг достигна 1.175.400.000 евра додека негарантираниот долг 56.600.000 евра.
Во последниот извештај на Европската Комисија беше нотирано дека иако се забележува тренд на намалување на Јавниот долг, тој останува на високо ниво.
„Јавниот долг се зголеми за 4,3 процентни поени на годишно ниво на 62,4% од БДП во 2024 година, значително над нивото од пред пет години (49,2%). Иако учеството на надворешниот долг во јавниот долг се намалува во последните пет години (-5,7 процентни поени), тој останува висок, на 55,6%“ – нотира Европската комисија.
И домашните екперти упатуваат на зголемена внимателност со должничката позиција на државата.
„Зголеменото задолжување секогаш носи фискални ризици, особено во контекст на структурен дефицит и продлабочување на јавниот долг. Затоа е важно секој заем да се оценува не само според неговата намена, туку и според долгорочната одржливост на јавниот долг и ефектите врз економскиот раст. Унгарскиот заем од околу 250 милиони евра беше насочен кон инвестициски циклус кај компаниите и општините, со цел преку инвестициската компонента на БДП да се поттикне економскиот раст. Според досегашните податоци, динамиката на растот е во рамките на проекциите, иако главниот двигател останува потрошувачката“ – изјави економистот Благица Петрески во интревју за „Локално“.
Министерството за финансии веќе најави нов “пакет“ задолжувања во 2026 та а дел од парите ќе се користат за враќање на доспеани обврски односно заеми. Така следната година Владата планира да обезбеди 950.000.000 евра преку Еврооврзница, 350.000.000 евра задолжување од други странски извори, без да се прецизира кои би биле тие, и уште 400.000.000 евра задолжување на домашниот пазар или вкупно 1.700.000.000 евра нов заем е во најава за буџетската 2026 та. Дополнитено во најава е „Британскиот кредити“ кој иако сеуште не е „фактуриран“ во јавните финансии, според економистите ќе има влијани врз должничката позиција на државата кога ќе почне реализацијата, односно со повлекување на средствата.
Од Владата уверуваат дека состојбата со Јавниот долг следната година ќе биде стабилна.
„Буџетот на РС Македонија за 2026 година е планиран да биде консолидиран и реален, и обезбедува одговорно управување со јавните финансии и одржливо ниво на буџетски дефицит и јавен долг“ -се наведува во Буџетот за 2026 та.
Следната година по основ на доспеани обврски државата треба да ја отплати Еврообврзницата од 750.000.000 евра и треба да се исплатат уште 200.000.000 на други странски кредитори.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Премиерот ги постави роковите за реконструкцијата - но без имиња. Во македонска политика рокот е само половина вест, другата половина...
Снимки покажуваат масовна сеча на Лопушник. Заменик директорот на Македонски Шуми го слави роденденот на настан на ДПМНЕ. Левица бара...
Италијанскиот шеф на дипломатијата ја откажа планираната посета на САД по Трамповите изјави дека Мелони го молела за фотографија на...
Украина јавно им ставила рок на Белорусија: седум дена да отстранат релејна опрема на граничните кули преку која Русија наводно...
Над 1.000 режирани епизоди, 11 награди Еми и скоро секоја голема американска комедија на телевизијата - Бароуз беше името зад...
Дефектите се случуваат - тоа е дел од одржувањето. Прашањето е зошто санациите речиси секогаш паѓаат кога граѓаните најмалку можат...
Чувствителен процес во преводот на обичен јазик значи дека сите се пазарат. Прашањето е дали реконструкцијата носи подобри луѓе или...
Кога работите функционираат, секој сака да се слика; кога ќе се појави проблем, никој не е надлежен. Брегот на езерото...
Возила на странска амбасада запалени среде бел ден во центарот на градот. Ако заштитата затаила овде, каде уште затајува -...
За секоја солза на израелска мајка, илјада либански мора да плачат, изјави Бен-Гвир. Аритметика на одмаздата што поткопува мировен договор...