НАУЧНИЦИТЕ ОТКРИЈА: ТАЈНАТА НА ПОБАВНОТО СТАРЕЕЊЕ МОЖЕ ДА СЕ КРИЕ ВО НАШИТЕ ЦРЕВА!
27.10.2026
27.10.2026
27.10.2026
27.10.2026
27.10.2026
27.10.2026
27.10.2026
27.10.2026
27.10.2026
26.10.2026
27.10.2026
27.10.2026
26.10.2026
27.10.2026
27.10.2026
27.10.2026
27.10.2026
26.10.2026
25.10.2026
27.10.2026
27.10.2026
27.10.2026
27.10.2026
26.10.2026
26.10.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
На паркингот пред салата „Борис Трајковски“ денеска се редеа нови камиони, цистерни и метларки. Најавата гласеше: конечно решение за сметот во Скопје. Бројката што остана по завршувањето на настанот е поинаква од онаа што одѕвонуваше во најавите.
Од презентираните возила, Скопје добива околу 27. Останатите заминуваат во други градови.
Министерот за транспорт и врски Александар Николоски појасни дека станува збор за 19 мултифункционални камиони од различен тип, 9 специјализирани цистерни за миење улици и 21 мултифункционално возило за чистење. Возила ќе добијат Скопје, Куманово, Прилеп, Струмица, Штип, Охрид, Тетово, Неготино, Кичево, Дебар и Велес.
Од каде дојдоа парите
Набавката е направена преку Светска банка, која веќе пет години спроведува проект за ревитализација и изградба на улици. Бидејќи не биле потрошени сите средства за таа намена, по состојбата со отпадот лани се дошло на идеја тие 5,5 милиони евра неискористени пари да се пренасочат кон управувањето со ѓубрето. За возилата презентирани денеска се потрошени 4,2 милиони евра.
Значи, механизацијата за отпад во единаесет општини е финансирана од пари што останале непотрошени од друг проект. Не од план, не од буџетска ставка за комунална хигиена – од вишок.
Состојбата што ја признава градоначалникот
Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски ги изнесе бројките сам: кога ја презеле „Комунална хигиена“, функционални биле само 17 возила. Сега има околу 50, но со забелешка што кажува сè.
„Долги години наназад не се обезбедени нови возила и на дневна основа се случува по три, пет, седум, некогаш и по 10 возила ни паѓаат од работа – поради дефекти“, рече Ѓорѓиевски.
Десет возила дневно вон функција од педесет е дваесет отсто од паркот. Тоа не е возен парк, тоа е сервисна редица.
Ѓорѓиевски најави и дека Град Скопје со сопствени средства набавува дополнителни специјализирани возила, како и повеќе од 3.300 нови контејнери, за кои жалбената постапка е во завршна фаза. Обезбедени се и две претоварни станици – едната во Гази Баба – што треба да го скратат времето на превоз на отпадот.
Од „Комунална хигиена“ соопштија дека во текот на август екипите подигнале и транспортирале 14.200 тони мешан комунален отпад од домаќинствата, како и 2.740 кубни метри отпад одложен на јавни и сообраќајни површини.
Тие 2.740 кубни метри се клучот. Тоа е отпад што не бил во контејнер – бил на улица, на тротоар, на зелена површина. Ниту еден нов камион не го решава тоа прашање; тоа е прашање колку контејнери постојат и на колкаво растојание.
Затоа најавените 3.300 контејнери се позначајна вест од дваесет и седумте возила. Само што тие сè уште се во жалбена постапка, а камионите веќе се на паркингот.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Шеснаесет државни објекти заведени со вредност од само еден денар, имот вреден 140 милиони денари без соодветна документација, набавки од...
Во Куманово 487 наспроти 35 за Вучиќ, во Србија победија студентите. Во две објави на Фејсбук вицепремиерот стигна и да...
Кафеавата мечка е строго заштитена, ловот е забранет од 2009 година, а сточарите од Врапчиште велат дека чистењето на дивите...
Пред 35-годишнината на Уставот, претседателката вели дека преамбулата е менувана двапати, а текстот е полн со нејасни одредби. Пораката доаѓа...
320 метри цевки и 15 ревизиони шахти на улицата „Саса“ во Кисела Вода. Добра вест за жителите - и прашање...
Лазар Банов прашува каде се зеленилото и паркинзите во Центар. Прашањето е легитимно - одговорот, ако некој навистина го бара,...
Средби со Гаши, Сиљановска-Давкова и Мицкоски, разговори со градоначалници и посета на МСУ. Протоколот е голем - што ќе остане...
Проектот CRIL е дел од европската алијанса КОЛОРС. Добра вест за Битола, а вистинскиот тест е дали ќе остане нешто...
Директорите на БЈБ и на Финансиската полиција на покана на американското Министерство за правда се меѓу 16.000 полициски професионалци во...
Електродистрибуција ја реконструира мрежата, а Вртекица, Рамни Габер, Пагаруша и дел од Долно Количани го чекаат крајот на работниот ден...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.