Гази Баба најави над 60 проекти за лето: нови улици, градинки и училишта
22.06.2026
22.06.2026
22.06.2026
22.06.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
Нема достапни вести во оваа категорија.
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Понекогаш е доволно туристите да погледнат на карта за да се вратат. По месеци пад предизвикан од кризата со Иран, источниот Медитеран повторно живнува – Турција, Египет и Кипар ги намалија цените, а резервациите нагло скокнаа.
Падот започна на крајот на февруари, кога нападите на САД и Израел врз Иран предизвикаа бран откажувања. Патниците се исплашија од ескалација и масовно ги отакжаа аранжманите за регионот. Но стравот, како што често бива, беше поголем од реалната опасност. „Патниците погледнаа на карта и сфатија дека Суецкиот канал не е исто што и Хормузскиот теснец“, рече извршниот директор на еден нискобуџетен превозник, опишувајќи го тоа како „одлична лекција по географија“.
Кога стравот спласна, останаа две работи: пониски цени и слободни капацитети. Хотелите низ регионот понудија значителни попусти, што ги направи поконкурентни од шпанските дестинации со слична цена. Резултатот е јасен во бројките – пребарувањата за Турција и Египет пораснаа за една третина во средината на јуни, Кипар скокна за 29 проценти, а Египет за неколку недели се врати од минус во силен плус.
Се смени и профилот на патникот. Наместо семејства, кои веќе се определиле за други дестинации, сега доминираат помлади парови што бараат поволна цена во последен момент. За балканскиот турист, кому летувањето секоја година му е се поскапа сметка, поуката е практична: кога другите се плашат, цените паѓаат – а понекогаш токму таму, каде сите бегаат, се крие најдобрата понуда. Стравот е скап; географијата е бесплатна.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Британскиот премиер падна по серија изборни порази и притисок од сопствената партија. Кога ни најстабилната демократија не задржува премиер подолго...
Земјата што снабдува половина свет со гас доживеа сопствена катастрофа. Технички инцидент при стартување, а 18 луѓе сè уште се...
Старец излезе вооружен убеден дека почнала револуција и рани двајца полицајци. Зад апсурдот - потажна вистина за тоа како заговорите...
Сурова нафта се истури на брегот на Азербејџан. Загадувачот сам ја води истрагата за сопствената штета, а бројки за зафатот...
Зад сензационалните наслови стои спор за медали, за УПА и за Волинскиот масакр. Балканот добро знае - најтешките битки меѓу...
Во најтешката година за норвешкиот двор, една добра вест: престолонаследничката со прогресивна белодробна фиброза успешно доби нови бели дробови, а...
Загубени 1.500 одборнички места, 97 пратеници бараат оставка, партијата на 20 проценти. Што се случува со земја кога нема кому...
66 проценти од ЕУ сака Британија назад, а Британците би го вратиле дури и слободното движење што го отфрлија. Додека...
35 региони под црвен аларм, откажани возови, затворени училишта. На Балканот лето со вакви температури станува нормала за која никој...
Италијанскиот шеф на дипломатијата ја откажа планираната посета на САД по Трамповите изјави дека Мелони го молела за фотографија на...