Филипче бара оставка од Славески и истрага за Алта банка: Мицкоски два дена пред одземањето на дозволата во Белград велеше „не знам дали е сè во ред“
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
31.10.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
31.10.2026
30.10.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
31.10.2026
01.11.2026
01.11.2026
01.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
На 31 август Лионел Меси објави дека повеќе нема да игра за Аргентина. Има 39 години, зад себе остава 207 настапи, 125 гола и 68 асистенции – бројки што ниту еден Аргентинец пред него не ги допрел. „Дадов сè што имав, немам повеќе што да дадам“, напиша тој, признавајќи дека одлуката „болеше и уште боли длабоко во душата“. Пораката ја напишал уште на 21 јули, два дена по финалето изгубено од Шпанија. Значи го носел месец и половина во џеб пред да го притисне копчето.
Последниот ден од преодниот рок во Англија заврши со трансфер што ќе се памети – Манчестер Сити го извади Енцо Фернандез од Челси за 125 милиони фунти, односно околу 145 милиони евра, што го прави третиот најскап трансфер во историјата. Челси со месеци тврдеше дека Аргентинецот не оди никаде додека не се исполнат нивните услови; се исполнија. Истиот ден Сити зеде и Илиман Ндијај од Евертон за 65 милиони фунти, а Њукасл плати 51 милион за Матијас Фернандез-Пардо. Ставете го тоа во контекст: во 2009 година Кристијано Роналдо чинеше 94 милиони евра, Арјан Робен 25 милиони, а Роналдињо 24 милиони – вкупно 143 милиони за тројца играчи што ја пишуваа историјата. Денес истата сума оди на еден врзен играч.
Каталонците ова лето не успеаја да го извлечат Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид. Атлетико не сакаше да зајакне директен ривал во Ла Лига – логика што во Шпанија функционира, а на Балканот би поминала како навреда. Барселона наместо тоа зеде Габриел Жезус од Арсенал за 8,6 милиони фунти, што и самите го третираат како крпење дупка. Според шпански извори, клубот намерно чувал пари настрана за нов напад врз Алварез во јануари или следното лето. Аргентинецот има договор до 2030 и 49 гола и 17 асистенции на 107 натпревари за Атлетико – па сметката нема да биде мала.
Стартот на Купот донесе бројки што личат на печатна грешка. Македонија ЃП ја натепа Влазними Јуниор со 14:0, Струга ТЛ ја совлада Победа Валандово со 10:1, Брера го помина Венец од Долни Дисан со 8:0, а Пелистер ги победи Студеничани со 6:1. Вкупно 40 гола на четири меча. Трајче Талевски запиша хет-трик, Флоријан Рочи четири гола за Струга. Некој ќе рече дека фаворитите ја покажале класата. Друг ќе праша што бара тим што прима четиринаесет гола во истото натпреварување со актуелниот шампион – и тоа прашање не е за клубовите, туку за оние што го кројат системот на натпреварување.
Стефан Ристовски е пред потпис за Вардар, клубот во кој ја започна кариерата пред повеќе од петнаесет години. Има 34 години, слободен е откако го раскина договорот со Сараево, и може да игра и десен бек и стопер – позиција што остана празна по заминувањето на Дарко Велковски. Кариерата му поминала низ Парма, Кротоне, Фрозиноне, Бари, Латина, Риека, Спортинг Лисабон и Динамо Загреб, а за репрезентацијата има над 80 настапи и период со капитенската лента, вклучително и Европското првенство во 2021 година. Вардар моментално заостанува осум бода зад Шкендија по промената на тренерот – Миодраг Божовиќ го замени Кристијан Фабијани. Осум бода во септември не се катастрофа, но не се ни ситница што ја решава едно име.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Брајтон првпат славеше на „Етихад“, Мореира сам го сруши Интер, а Арсенал денес на „Енфилд“ може да се искачи на...
Еден 41-годишник брои до 1.000, Интер и Милан го продаваат името на стадионот за 650 милиони евра, а кај нас...
Еден лекарски во погрешно досие може да вреди повеќе од три гола во Купот. Во Англија, пак, тренерот на Челзи...
Четвртолигаш го собори актуелниот шампион на Англија, Ливерпул повторно го победи Челси на пенали, а кај нас најтрофејниот клуб го...
Кејн ја зеде наградата што Мбапе ја бараше со сите стрелечки титули, Арсенал се сопна во Флитвуд, а една шега...
Првиот Англичанец со „Златна топка“ по Мајкл Овен ја крена наградата во Лондон. Во Манчестер навивачите скандираат за тренер кој...
Барселона го доживеа првиот пораз во првенството, Сити првиот во Премиер лига, а Тотенхем по осум години слави кај Челси....
Десет минути во Лондон беа доволни Челси да остане без сè: автогол, црвен картон и гол во 87-мата минута. Во...
Компани го однесе брза помош од тренинг, а Керик брои денови по 1:4 од Комо. Кејн во понеделник дознава дали...
Седум натпревари без победа, капитен кој јавно ја префрла вината на штабот и куќа ограбена додека тој играше. А во...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.