Четири семејства, едно утро: Насилството во домот стана дневна бројка
21.07.2026
21.07.2026
21.07.2026
21.07.2026
21.07.2026
21.07.2026
20.07.2026
21.07.2026
21.07.2026
20.07.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
21.07.2026
20.07.2026
20.07.2026
Нема достапни вести во оваа категорија.
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Кристофер Нолан, режисерот со Оскар чија нова верзија на „Одисеја” в моментов руши рекорди во кината, доби прашање за вештачката интелигенција и одговори со слика што тешко се заборава. Тројанскиот коњ, рече, но со еден пресврт: „Вештачката интелигенција е тројански коњ за кој сите знаат дека Грците се внатре.”
Потоа отиде и подалеку – тоа е, вели, „проѕирен коњ, направен од стакло”. Со други зборови, стапицата е видлива за секого, а сепак ја пуштаме внатре. За режисер што градел кариера на слики, ова е ретко прецизен начин да се каже дека проблемот не е технологијата сама по себе, туку тоа што ѝ веруваме и покрај сè што гледаме.
Она што најмногу го охрабрува Нолан е скепсата – особено кај младите. „Никогаш не сум видел технологија што напредува толку брзо, а е толку целосно отфрлена од јавноста”, вели тој. Реакцијата на ВИ-видеата на интернет, младите што веднаш ги нарекуваат „ВИ-ѓубре” и ги ставаат во кутија – тоа, според него, е здрава скепса.
И тука доаѓа делот што вреди да се потцрта. Нолан не вели само дека технологијата треба да се гледа со сомнеж – вели дека и мотивите на оние што ни ја нудат треба да се гледаат со истиот сомнеж. „Тогаш ќе го извлечеме најдоброто од новата технологија, наместо слепа вера дека сè ќе биде во ред.” Реченица што одлично се преведува од Холивуд на Балкан – колку пати ни продале нешто ново токму со ветување дека сè ќе биде во ред?
Нолан не е нов во отпорот кон технологијата – познат е по тоа што одбива паметен телефон, а „Одисеја” ја снимил целосно на Imax филмска лента и камери, прв во историјата. Кога „Њујорк Тајмс” го праша дали се смета за технофоб, одговори прецизно: „Се сметам за техно-скептик.” Разликата не е ситна.
„Прифаќам нова технологија постојано, но таа обично ни се продава на сметка на системи што сè уште се валидни”, вели тој за својата индустрија. „Тоа го видов – го фрламе детето заедно со водата од бањата. Речиси го изгубивме филмот!” Човекот што стои на чело на Здружението на режисери зборува за својот занает, но поуката не бара превод.
Најновите 10 вести од оваа категорија
500.000 книги, 3.000 долари по дело, и ниту еден обврзувачки преседан. Најголемата спогодба во историјата на американското авторско право не...
Секој голем ВИ-систем денес припаѓа на приватна компанија. Една непрофитна организација од Париз сака да го смени тоа - и...
Vertu продава преклопен телефон во телешка кожа за 6.880 долари и ветува ВИ агент што ќе го организира директорскиот ден....
Најголемиот страв на секој возач - што ако останам без струја на пат - тивко исчезнува. За три години бројот...
Апликации што со ВИ вадат алишта од секоја фотографија со години стоеја во продавниците на двата гиганта. Модерацијата почна да...
Valar Atomics за четири месеци се утроил во вредност, предводен од Sequoia. Реакторите се вистински, но приказната ја држи глад...
Автономното возило на Zoox застана насред активна пожарна интервенција затоа што не препозна густ чад. Регулаторот беше остар: тоа не...
OpenAI го изгасна Sora зашто светот не бил подготвен за видеа од туѓи лица. Google го носи истото во алатката...
Компанијата што штотуку автоматизира правење игри, во сопствената одбрана го употреби изразот AI slop. А 52 отсто од луѓето што...
„Вашите податоци се приватни. Точка", пишува на страницата. Истражувачи на Mozilla ја отворија комуникацијата и најдоа фирма за аналитика на...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе