Снимката ги најде за еден ден: двајца малолетници и 20-годишник осомничени за суровото тепање во Гостивар
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
03.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
04.08.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
03.08.2026
03.08.2026
03.08.2026
Нема достапни вести во оваа категорија.
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Истиот ден, скоро во истиот час, двата најголеми играчи во вештачката интелигенција објавија речиси идентичен потег. Anthropic најави заедничко вложување за корпоративни AI услуги со Blackstone, Hellman & Friedman и Goldman Sachs како основачки партнери. Часови подоцна, Bloomberg објави дека OpenAI прави сосема истиот потег – само поголем.
Цифрите се различни, но логиката е иста. Anthropic го лансираше своето вложување при 1.5 милијарди долари проценета вредност, со ангажман од по 300 милиони долари од Anthropic, Blackstone и Hellman & Friedman. Кругот на инвеститори е „кој е кој” во американската финансиска елита – Apollo Global Management, General Atlantic, GIC, Leonard Green и Sequoia Capital.
OpenAI оди три ката повисоко. Нивното вложување, наречено The Development Company, привлекува 4 милијарди долари од 19 инвеститори при 10 милијарди долари вредност. Имиња на маса: TPG, Brookfield Asset Management, Advent и Bain Capital. Никое преклопување меѓу инвеститорите на двете компании – очигледен сигнал дека пазарот се дели на табор.
Логиката за обата играч е неголема за рашифрирање – се купуваат канали за продажба. Алтернативни управители на капитал кои поседуваат стотици портфолио компании, сега имаат поттик да ги турнат AI услугите на Anthropic или OpenAI кон тие компании. Капиталот ќе оди и на „forward-deployed engineers” – моделот на Palantir, кадешто инженерите седат во клиентовите канцеларии и градат алатки во самите процеси на корисникот.
Контекстот е она што го прави овој ден интересен. OpenAI на крајот на март објави 122 милијарди долари ново финансирање при 852 милијарди долари вредност. Anthropic е во последна фаза на своја рунда – бара 50 милијарди долари при 900 милијарди долари вредност. За споредба – тоа е повеќе од целиот БДП на цела источна Европа заедно. Двата лаборатории веруваат дека победникот ќе биде дефиниран не во моделите, туку во дистрибуцијата.
За европските и балканските читатели прашањето е друго – кога два играча на овие димензии играат во истата кочија и имаат пристап до речиси сите големи корпорации преку своите инвеститори, како преживуваат Mistral, Cohere или било кое регионално решение? Одговорот – повеќето нема. Тоа е поентата.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Алекс Карп тврди дека компаниите што градат јазични модели ти ја префрлаат експертизата во својот модел за да ти го...
Норвешки истражувачи најдоа во апликации за смарт-телевизори код што ја претвора домашната линија во тунел за туѓ сообраќај. Кај LG...
Операторот што покрива 67 милиони потрошувачи призна дека нема струја за сите и однапред одлучи кој ќе остане на темно....
Продажбата не паѓа затоа што луѓето осиромашија, туку затоа што старите телефони престанаа да се расипуваат навреме. Одговорот на индустријата...
Опус 5 постави рекорд во тестот и прекрши 11 договори. Ниту еден од триковите не е нов - сите се...
Милијардите беа најавени со сцена и слогани. Повлекувањето се одвива тивко, во реченици со зборот усогласување.
Тим Кук во последниот квартален извештај најави дека посилната Siri ќе се купува преку iCloud+. Фирмата што плати 250 милиони...
Платформите што со години нè убедуваа дека автоматизираната содржина е иднината сега трпеливо градат филтри против неа. Одлуката не е...
Од 141.006 тест-извршувања, три завршиле во живите системи на вистински фирми. Најстариот модел сфатил дека целта е реална - и...
Најсилен јунски квартал во историјата, а акцијата падна за 6 отсто. Вештачката интелигенција испадна дека има тело од силициум -...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.