КОЈ ЈА ПУШТИ АЛТА БАНКА ВО МАКЕДОНИЈА, КОЈ ТРЕБАШЕ ДА ЈА КОНТРОЛИРА И КОЈ ЌЕ ОДГОВАРА ЗА ПРОЦЕНКАТА НА РИЗИКОТ?
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
OpenAI сака да ви влезе во дневната соба. И тоа не преку екран, туку преку нешто што само себе се опишува како „хуманоиден ВИ придружник кој живее во домот”. Според пишувањето на Bloomberg, првиот хардверски уред на компанијата е паметен звучник без екран, кој се поврзува со ChatGPT и има – ова не е печатна грешка – „механички елементи што можат сами да се движат”.
Значи, кутија што се врти кон вас додека зборувате. Која учи од вашите навики, чита од вашите е-пораки, и „станува физичка манифестација на ChatGPT”. Формулацијата е нивна, не наша. И тука треба да застанеме за момент: ова е уште еден производ во развој, за кој нема ниту име, ниту цена, ниту датум. Засега постои како опис за анонимни новинарски извори – што на јазикот на технолошката индустрија значи маркетинг, а не факт.
Она што е конкретно, а не ветување, е кој го гради. Уредот, се пишува, е дело на поранешни инженери на Apple – луѓе кои учествувале во создавањето на iPhone и Mac. И тука приказната добива заб. Пред само една недела Apple ја тужеше OpenAI токму за кражба на деловни тајни, тврдејќи дека тоа што е познато е само „врвот на ледениот брег”. OpenAI негира. А сега истата таа компанија најавува уред граден со екс-инженери на Apple. OpenAI, се разбира, тврди дека производот „значително се разликува од сè што Apple го има на пазарот” и дека „веројатно не крши” ничии тајни.
Веројатно. Убав збор кога адвокатите слушаат.
Пошироката слика е дека парите се тркалаат кон оваа категорија уште пред некој да види готов производ. Hark, лабораторијата на Brett Adcock, собра прекумерно претплатени 700 милиони долари (околу 645 милиони евра) во серија А уште во мај, при проценета вредност од 6 милијарди долари – за да гради „лична интелигенција”. Ниту тие немаат прикажан уред. Категоријата се финансира со милијарди пред да испорача што било.
Прашањето што никој во Силиконската долина не сака да го постави гласно: колку луѓе навистина сакаат микрофон што се движи, чита туѓи е-пораки и се преправа дека е пријател? На Балканот сме научени со различен вид набљудување – тоа обично не се продава како придружник. Но кога уредот сам ќе ви се сврти кон лицето и ќе рече дека ве познава подобро од најблиските, барем ќе знаеме дека тоа не е бесплатно.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Компанија основана во 2024, со производ лансиран минатото лето и агенти позајмени од Anthropic и OpenAI - сега е дел...
Веб-хостинг со околу 400.000 клиенти што плаќаат признава напад што траел од август. Колку се погодени? „Далеку под 10 отсто“...
Џефри Хинтон не се плаши од роботи, туку од темнина: струја и банки во колапс со денови. И признава дека...
Најпопуларните ВИ-другари имаат 220 милиони преземања, а многу од нив се насочени токму кон помладите. Apple сега бара ознака 18+,...
Половина метар пластика, испечатена во орбита. Звучи скромно, но целата вселенска индустрија се судира со едно ограничување: сè што лета...
Дизајниран од човекот што го цртал iPhone, исмеан на премиерата, распродаден пред првата испорака. Кога цената е над половина милион...
Подлабоко во проспектот за берза, во делот за ризици, Anthropic напиша дека развојот на моделите на компанијата можеби наскоро ќе...
Бундестагот брои потенцијално хакирани телефони, а Берлин молчи дали и Мерц бил на мета. Иронијата: германската полиција и самата купила...
Компанијата во сопственост на SpaceX тврдеше и дека граѓаните немаат право да тужат за воздухот што го дишат. Судот не...
Моделот на кинескиот WeChat сега го гради апликација во претежно американска сопственост. Кој одлучува каде јадеш, каде спиеш и кому...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.