МАКЕДОНСКИТЕ ЖЕЛЕЗНИЦИ ПРЕД КОЛАПС: 180 МИЛИОНИ ЕВРА ЗАГУБИ, РАСПАДНАТИ ПРУГИ И ПРОЕКТИ ШТО ПОСКАПУВААТ ЗА 96%
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Кога шефот на една од најпрофитабилните технолошки фирми на светот почне да ги нарекува своите конкуренти марксисти, вреди да се провери кој кого точно колонизира. Алекс Карп, извршен директор на Palantir, во писмото до акционерите за вториот квартал напиша дека компаниите што градат големи јазични модели „имаат намера, свесно или не, да го заземат средството за производство на своите наводни партнери”.
Ова не е крик на некој што губи. Palantir во истиот квартал објави приход од 1,9 милијарди долари (околу 1,7 милијарди евра), што е 93 отсто повеќе од истиот квартал лани, и профит од 1,1 милијарда долари. Карп самиот го сподели споредбениот детал: „повеќе профит во еден квартал отколку што имавме вкупен приход во истиот период претходната година”. Значи, растот на вештачката интелигенција што го критикува е токму она што му ја наполни касата.
Карп студирал филозофија и има докторат по социјална теорија, и тоа се гледа во начинот на кој ја конструира тезата. На конференцискиот повик со аналитичарите од Волстрит праша дали компаниите сакаат да „купат иднина” во која нивната работа му помага на противникот, а „сите што победуваат се мала, ситна група луѓе што живее на ситно место и некако верува дека затоа што јаде зеленчук и не поддржува борци, заслужува да го има целото средство за производство на оваа земја”.
Јазикот е груб, но под него стои една конкретна економска поента. Компаниите што плаќаат за пристап до туѓ модел, вели Карп, ја плаќаат сопствената замена: „Ти плаќаш за правото тие да ги пренесат твојата интелектуална сопственост, твоето знаење, твојата експертиза во нивниот модел, за да можат да изградат конкурентен бизнис што не бара ниту твојот бизнис ниту твоите луѓе.”
Тука Карп не е сам, и тоа е поинтересниот дел од приказната. Слична теза во последно време ја повторува и Сатја Надела, извршен директор на Microsoft – фирма што истовремено е и најголем инвеститор во OpenAI. Листата на компании што платиле или биле партнери со OpenAI и Anthropic, а потоа гледале како тие исти лаборатории лансираат конкурентски производи – од дизајнерски алатки до здравствени операции, правни услуги, дури и откривање лекови – не е кратка.
Palantir го продава спротивниот модел: софтвер што е агностички кон моделот, наменет за влади и големи компании, каде клиентот ги контролира и податоците и она што Карп го нарекува „ВИ издувни гасови” – промптовите, оркестрацијата, контекстот. Продажната поента е недоверба, и таа поента очигледно се продава добро.
Но нека не се заборави што е ова навистина. Ниту OpenAI ниту Anthropic ниту Palantir не се економски негативци или херои – тие се фирми што трчаат по профит на пазар што расте побрзо од способноста на кој било да го регулира. Кога една од тие фирми зборува за средства за производство, тоа не е класна анализа. Тоа е маркетинг со фусноти од социологија.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Компанија основана во 2024, со производ лансиран минатото лето и агенти позајмени од Anthropic и OpenAI - сега е дел...
Веб-хостинг со околу 400.000 клиенти што плаќаат признава напад што траел од август. Колку се погодени? „Далеку под 10 отсто“...
Џефри Хинтон не се плаши од роботи, туку од темнина: струја и банки во колапс со денови. И признава дека...
Најпопуларните ВИ-другари имаат 220 милиони преземања, а многу од нив се насочени токму кон помладите. Apple сега бара ознака 18+,...
Половина метар пластика, испечатена во орбита. Звучи скромно, но целата вселенска индустрија се судира со едно ограничување: сè што лета...
Дизајниран од човекот што го цртал iPhone, исмеан на премиерата, распродаден пред првата испорака. Кога цената е над половина милион...
Подлабоко во проспектот за берза, во делот за ризици, Anthropic напиша дека развојот на моделите на компанијата можеби наскоро ќе...
Бундестагот брои потенцијално хакирани телефони, а Берлин молчи дали и Мерц бил на мета. Иронијата: германската полиција и самата купила...
Компанијата во сопственост на SpaceX тврдеше и дека граѓаните немаат право да тужат за воздухот што го дишат. Судот не...
Моделот на кинескиот WeChat сега го гради апликација во претежно американска сопственост. Кој одлучува каде јадеш, каде спиеш и кому...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.