Деца со попреченост заглавени во лавиринт, 10,7 милиони исплатени без основ: ревизијата на ЦСР
17.06.2026
17.06.2026
17.06.2026
17.06.2026
17.06.2026
17.06.2026
16.06.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
14.04.2026
07.11.2025
07.11.2025
Нема достапни вести во оваа категорија.
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Питер Магјар, унгарскиот политички феномен кој ја истурна Виктор Орбан од власт по 16 години, штотуку даде на јавноста првиот сериозен скандал на својата нова влада. Шуракот на сестра му назначен за министер за правда. Не пријател, не партиски колега, не познат правник – роднина. И тоа во првите недели по победата на изборите. Балканот многу добро ги знае таквите потези. Унгарците – изгледа повторно ќе мора да го учат истиот урок.
Мартон Мелетеи-Барна, новиот министер, е адвокат и универзитетски колега на Магјар. Во 2020 година бил еден од десеттемина основачи на партијата „Тиса”. Сите тие референци се важни. Но не толку колку фактот дека е во брак со сестрата на премиерот. И токму тоа е причината зошто опозицијата – сега Фидес во неприликоса како нова опозиција после деценија и пол на власт – експлодираше.
Магјар се обиде да го објасни потегот на социјалните мрежи. Сестра му, која била судија, ќе биде суспендирана од правосудниот систем поради „разбирливи загриженост”. Тоа е дипломатски јазик за: „да, разбираме дека ова изгледа лошо, и затоа барем неа ќе ја извадиме од сцена.” Но министерот за правда, кој ги именува, унапредува и контролира судиите – останува член на семејството.
„Идниот министер за правда има неоспорна домашна и меѓународна кариера, висок квалитет на работа и јасна визија”, напиша Магјар во објавата. И потоа: „Долго после што се присоедини на нашата заедница, го соедини својот живот со животот на мојата сестра.” Реченица која лошо звучи на унгарски, и сосема лошо на сите други јазици. Барем не вели „љубовниот живот на мојата сестра” – и тоа е најмалото што може да се очекува.
За Балканот, оваа сцена е екстремно позната. Македонски поранешни и сегашни влади имаа исти такви потези. Зетови, кучешки кумови, пријатели на децата на функционери. Ниту премиер ниту партија на Балканот никогаш не зборувала за тоа на овој начин – тоа е разлика. Унгарците уште смеат да критикуваат гласно. Кај нас, кога Маничевски или некој друг ќе постави роднина, прашањата се поставуваат тивко, по три недели, и без последици.
Магјар освои избори со пораката „крај на корупцијата на Орбан”. Прво назначување – семејно. Прашање кое самиот треба да го одговори: што е разликата помеѓу неговиот пристап и пристапот на Орбан, освен што тоа сега го прави Тиса наместо Фидес? Можеби разликата ќе се види во иднина. Можеби и нема. Балканот може да понуди многу примери на „новите” коja се однесуваа точно како „старите” – доколку Магјар сака потсетување, доволно е да ги прочита белградските, скопските или подгоричките вести од последните 30 години.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Островот што живееше од сонце и носталгија гледа како туризмот му се распаѓа под американски притисок. Кога геополитиката се игра...
Колку подолго трае тишината, толку посилен е ударот што се подготвува. Тишината пред земјотрес е иста насекаде - се разликува...
Евтината нафта му отвори врата да удри по руската енергетика без да ги запали цените дома. Санкциите доаѓаат не кога...
Татнефт дава по 20 литри бензин по возило низ цела Русија. Рационирањето е збор што владите не го изговараат лесно...
Разработен план во повеќе фази, 23 осомничени на Signal и снајперски тим. Ако толпа од 23 луѓе со месеци планирала...
Со месеци се појавуваше со кислород, а сега е оперирана. Дворот вели дека зафатот поминал успешно - но ова е...
Археолозите велат дека не станува збор за насилно обезглавување, туку за вешто отстранување на черепот. Колку малку всушност знаеме за...
Службениците ќе мора да пријавуваат лица без документи, дозволите се одземаат за нејасно однесување. Кога цинкарењето стане закон таму, колку...
Семјон Скрепетски побегна од Русија во 2021, но смртта го стигна на улица во источна Полска. Кога критичар не е...
Москва блокираше гасовод од 35 милијарди кубни метри низ Казахстан. Кога големите се пазарат за метали и траси, малите пазари...