Skip to content

Реконструкција ?

0 мин. читање
Сподели
Реконструкција ?

Реконструкцијата отвора едно суштинско прашање: ако по  две години од мандатот се признава дека дел од министрите не работеле доволно добро и затоа се менуваат, тогаш кој ја сноси политичката одговорност за изгубеното време?

Две години се значаен период во кој можеле да се реализираат реформи, инфраструктурни проекти и системски промени. Наместо тоа, јавноста добива признание дека дел од тимот не ги испорачал очекуваните резултати.

Тоа отвора сериозно прашање: ако речиси една третина од владата не ги испорачала очекуваните резултати, кој ја презема политичката одговорност за изгубените две години?

Но, покрај прашањето кој не работел, постои уште едно, можеби и поважно прашање: кој ги контролирал министрите овие две години?

Одговорност не е само кај оние што не ја завршиле работата. Одговорност има и кај оној што ги избрал, што им дал доверба и што две години требало да го следи нивното работење.

Затоа, покрај прашањето „кој се менува?“, јавноста има право да праша и: кој ги контролираше овие две години и зошто дури сега се утврдува дека некои од нив не работеле доволно добро?