„Криминал како услуга“ со кол-центри и во Македонија: над 4 милиони евра штета, жртви во 50 земји
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
02.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Судскиот совет имаше двајца кандидати за вршител на должност претседател на Апелациониот суд во Скопје. Едниот е судијка со 197 поени – највисока оценка меѓу судиите. Другиот е судија со долгогодишно искуство и минато во самиот Судски совет. Гласањето заврши со деветмина за вториот и двајца за првата.
Зоран Герасимовски ја презема функцијата на местото на Мери Дика, која беше избрана за уставен судија. Тања Милева, најдобро оценетата, доби поддршка од само двајца членови.
Поените наспроти „менаџерските способности”
Членката на Советот Сузана Јошевска-Анастасовска беше единствената што го отвори прашањето директно: изборот треба да следи објективни критериуми. „Треба да го избереме судијата кој добил најмногу поени на последната оценка, бидејќи на тој начин избираме судија чиј професионален квалитет е објективно утврден”, беше нејзиниот аргумент.
Одговорот од другата страна беше дека функцијата бара менаџерски способности и дека граѓанското одделение има потреба од искусно раководење. Џенета Бектовиќ го поддржа Герасимовски токму по таа основа.
И тука е точката во која целиот систем на оценување се соочува со себеси. Државата има воспоставен механизам кој на секој судија му дава бројка. Милева ја има највисоката. Ако таа бројка не е одлучувачка кога има двајца кандидати, тогаш за што служи?
Не сите беа за Герасимовски
Изборот не помина без забелешки ниту внатре во самиот Совет. Членката Антоанета Димовска потсети дека Герасимовски го напуштил Судскиот совет во период кога било најтешко – мислејќи на времето по разрешувањето на поранешната претседателка Весна Дамева. Други членови ги истакнаа неговите квалификации и искуство како судија од 2005 година.
Функцијата е привремена. Ќе биде објавен оглас за постојан претседател. Но „привремено” во македонското судство знае да трае, а вршител на должност е позиција што носи реална моќ врз распоредот на предметите.
Истата седница, уште една пензија
На истата седница Советот се занимаваше и со Вулнет Винца, судијата од Основниот суд Охрид кому му беше отфрлено барањето за продолжување на функцијата поради ненавремено доставена изјава. Бидејќи Винца беше и претседател на Основниот суд Струга, за вршител на должност претседател таму е именуван Ндерим Полиси, избран меѓу тројца кандидати.
Советот констатира и дека судијката на Апелациониот суд во Битола, Татјана Сусулеска, ги исполнила условите за пензија, а функцијата на Мери Дика мирува по нејзиниот избор во Уставниот суд.
Една седница, четири лични судбини во судството и една отворена дилема: дали поените воопшто значат нешто кога дојде до гласање?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Опозицијата го обвинува министерот за локална самоуправа за величење осуден воен злосторник, врски со српски разузнавачки структури и закани кон...
ДУИ ја зеде Брвеница, а за ВМРО-ДПМНЕ резултатот е „повеќе од одличен“ - иако и коалицискиот партнер ВЛЕН се најде...
Правилата се добри, службите не соработуваат, па да ги избришеме правилата. Опозицијата прашува зошто Советот за координација не се состанал...
Опозицијата најавува интерпелација и бара истрага, гувернерот одговара со „Јасно е сега?“. До кога важи лимитот, сè уште не е...
Мицкоски брои 1.200 гласа раст од првиот круг, но Брвеница ја нема. „Сами против сите“ звучи добро додека не се...
Опозицијата тврди дека предупредувала со месеци, премиерот се потпре на контролите на Народната банка. Некој ја процени банката што влезе...
На 1 ноември Софија го бира шефот на државата. На дебатата се водеше кавга за тоа кој ги заслужува заслугите...
На завршниот митинг зборуваше за обединување и за институции што му служат на граѓанинот. Потоа од бината ги посочи судиите...
Архиереј на телевизија ѝ посака на една партија долговечност на доживотен претседател и ги обвини новинарите за финансиски интерес. Имиња...
Искра Хаџи Василева е новата шефица на Обвинителството за организиран криминал, избрана од колегите, а не од партијата. Програмата е...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.