Нова кривична пријава за Јакимовски: одобрение за градба на план укинат уште во 2018 година
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
16.09.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.09.2026
15.09.2026
14.09.2026
22.08.2026
20.08.2026
18.08.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Електричните тротинети станаа „огромен проблем” – со тие зборови министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави радикални мерки, вклучувајќи можна регистрација, возрасни ограничувања и забрани. А системот „Безбеден град”, тврди тој, веќе спасува животи.
Бројката што ја изнесе е конкретна: од јануари до мај 2026 во сообраќајни несреќи загинале 39 луѓе, наспроти 56 во истиот период лани – намалување од 17 животи. „Сите овие случаи произлегуваат од прекршување на сообраќајните правила”, изјави Тошковски, припишувајќи го падот на засилените контроли и камерите.
Дел од системот веќе ги препознава странските регистарски таблички. Тошковски најави дека наскоро и возилата со странски таблички ќе бидат казнувани – резултати се очекуваат за околу еден месец. Прашањето е зошто тоа не функционирало порано, кога странските прекршители со години возеа како да правилата не важат за нив.
За тротинетите, министерот рече дека се консултирал со повеќе амбасадори за европските искуства и најави законски измени. „Ова бара порадикално решение во однос на забрани, возрасни граници за управување и можеби регистрација”, изјави тој, без да прецизира конкретни казни или постапки.
И тука е вообичаениот балкански редослед на работите – прво проблемот да нарасне до „огромен”, па дури тогаш да се размислува за правила. Тротинетите со години веќе се на тротоарите, меѓу пешаците и децата. Дека сега се „предизвик за безбедноста” не е откритие – откритие е само колку доцна институциите реагираат на нешто што секој граѓанин го гледал одамна.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Светска банка отпадна поради неусогласеност со барањата на ЕУ. Градбата ќе трае две и пол години, а опремата се набавува...
Од 9.500 квадрати зеленило остануваат 268. Терен со висинска разлика од 80 метри, без студија за ерозија и без мислење...
Ѓорѓиевски вели дека системот ќе биде готов до средината на следната година. Тендерот за БРТ се најавува деновиве, а градбата...
Втора акција на истата локација за една година. Герасимовски и самиот апелира до Министерството за труд - затоа што расчистувањето...
Просумер, соларна печка и струја од велосипед на плоштадот Магнолија. Градот што со децении ја плаќа цената на јагленот гледа...
Стефанија Димовска освои две медали на IESO 2026, работејќи во мешани меѓународни тимови. Пред тоа беше и државен шампион по...
Од близу 4,7 милиони денари, општината става околу 180.000. Остатокот доаѓа преку Бирото за рамномерен регионален развој - и токму...
Десет години работела во здравството - и сепак морала да бара врски за да биде примена. Клиниката тврди дека добила...
Приговорите течат од 15 до 25 септември. Во Гоце Делчев нема доволно места, па студентите одат во Стив Наумов -...
Од 23:00 до 05:00 часот кон Евзони не се минува. Кон Халкидики - нормално. Оние што одат на одмор поминуваат,...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.