Skip to content

Војната во Иран ќе ја плати секој жител на планетата Земја

0 мин. читање
Сподели

Цената на новата геополитичка игра на Блискиот Исток нема да ја платат само актерите на сцената – ќе ја платиме сите. Секој човек, во секоја држава. Конфликтот во Иран, во кој се вмешани Израел и САД, веќе ја оттурна нафтата од 60 на 108 долари за барел – скок што не е само бројка, туку аларм за глобална економска бура.

Кога нафтата расте, не поскапува само горивото. Поскапува сè. Од лебот на маса до облеката на грб. Транспортот станува поскап, производството се крева, а трговците без многу размислување ја префрлаат сметката кон крајниот потрошувач. Синџирот е едноставен – и брутален.

Ова не е само енергетска криза, ова е удар врз секојдневниот живот. Земјоделството зависи од гориво, индустријата од транспорт, а продавниците од набавка. Кога цената на нафтата експлодира, целиот систем почнува да се ниша. И на крај, сметката секогаш стигнува до обичниот човек.

Сѐ повеќе луѓе денес се прашуваат дали оваа војна во Иран навистина беше неизбежна. Во време кога дипломатските канали постојат, кога економската зависност меѓу државите е поголема од кога било, останува горчливото чувство дека конфликтот можеше да се спречи – или барем да се одложи.

Во момент кога дипломатските канали сè уште беа отворени, новата ескалација околу Иран повторно го отвори прашањето за почитувањето на меѓународните правила. Според дел од аналитичарите и јавноста, акциите на САД и Израел се случуваат во чувствителни моменти – токму додека траат обиди за преговори – што ја доведува во прашање искреноста на дипломатските процеси.