Skip to content

Tesla Full Self-Driving стигна во Литванија: втора земја во Европа го одобри, Грција и Белгија следни

1 мин. читање
Сподели

Софтверот Tesla Full Self-Driving (Supervised) е сега достапен во Литванија, што ја прави второ европска земја што одобри употреба на овој напреден систем за помош при возење. Експанзијата е дел од поширока стратегија на компанијата да се позиционира како лидер во AI и роботиката, не само како производител на автомобили.

Лансирањето во Европа почна минатиот месец, кога холандскиот регулатор RDW го одобри FSD во Холандија. За Илон Маск ова не е само технолошки чекор – неговиот пакет за компензација е директно врзан за „10 милиони активни претплати на FSD до 2035-та”, што значи дека секое одобрување во нова земја е стратешка инвестиција.

Tesla објави околу 1,3 милиони платежни корисници на FSD ширум светот во првото тримесечје оваа година. Системот, кој бара активен надзор од возачот, врши маневри како свртувања, промена на лента и паркирање. Од јануари компанијата помина на модел на претплата – сегашната цена е 99 долари месечно.

Регулаторното внимание во Европа го направи распоредот побавен отколку во САД. Холандскиот регулатор тргнал кон ЕУ-широко одобрување, што би можело да го забрза прифаќањето во другите земји членки. Грчкото министерство за транспорт најави предлог-закон што ќе го одобри FSD, а Белгија се очекува да го следи холандскиот пример. Глобално, FSD е достапен во Австралија, Канада, Кина, Мексико, Нов Зеланд, Порто Рико, Јужна Кореја и САД.

Меѓутоа, верзијата без надзор – FSD Unsupervised – сè уште работи само во мала флота на робо-такси возила во Остин, Далас и Хјустон. Хуманоидниот робот Optimus, кој беше најавен како следната голема приказна за Tesla, останува недостапен за потрошувачите. За балканскиот пазар, прашањето кога литванското одобрување ќе се прелее преку Виена, Загреб и Скопје останува без датум.