Напад со нож во Линц: Еден загинат, еден тешко повреден
15.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Два дена по локалните избори, славеничката атмосфера во партиските штабуови стивнува, а во фокусот се анализите и подготовките за вториот круг на 2 ноември. Резултатите од првиот круг, сепак, покажаа сериозни причини за загриженост — речиси половина од избирачите решија да останат дома, а бројот на неважечки ливчиња е рекорден.
Според податоците на Државната изборна комисија, секое шеснаесетто ливче било неважечко — вкупно 53.713 гласови, односно 6,1% од вкупниот број. Само во Град Скопје имало над 12.000 неважечки ливчиња. За споредба, на локалните избори во 2021 година имало 37.859 неважечки гласови, а сега бројката е речиси двојно поголема.
На овие избори право на глас имаа 1.832.415 граѓани, но излегле само 885.085 — што е излезност од 48,3%. Во четири општини — Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа — изборите ќе се повторат поради недоволен цензус.
ВМРО-ДПМНЕ прогласи „историска победа“, освојувајќи над 301 илјада гласови на советничките листи, што е два и пол пати повеќе од СДСМ, кои освоија околу 125 илјади. Партијата најави дека овој резултат е 50% подобар од оној во 2021 година, кога доби 22 градоначалници во прв круг — а сега има 33.
Од СДСМ, пак, велат дека ВМРО-ДПМНЕ изгубиле 140 илјади гласови во однос на парламентарните избори во 2024 година и дека разликата меѓу двете партии се намалува. Левица освои над 57 илјади гласа, а партијата ЗНАМ — повеќе од 38 илјади.
Политичкиот аналитичар Сефер Селими предупредува дека првичната еуфорија кај партиите е моментална и дека бројките ја покажуваат реалната слика на теренот: „Еуфоријата е емоционална состојба на триумф, често посилна од реалноста — но не трае долго,“ напиша тој.
Во албанскиот политички блок продолжува борбата за превласт меѓу ДУИ и коалицијата Вреди. Според прелиминарните резултати, ДУИ и нејзините партнери освоија околу 114 илјади гласа, а Вреди — над 91 илјада.
Македонските локални избори уште еднаш ја покажаа сѐ помалата излезност и сѐ поголемата апатија кај гласачите — сигнал дека демократијата во земјата бара повеќе од партиски триумфи, бара доверба која очигледно избледува.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Заглавениот проект конечно се реализира - новиот мост од 43,5 метри ќе го поврзе булеварот Никола Карев со кружниот тек.
Општина Центар усвои урбанистички планови кои предвидуваат зеленило, велосипедски патеки и јавни содржини околу Калето.
Автомобилистичката федерација го организираше традиционалното женско рели со градска рута и спретно возење меѓу конуси.
Велосипедска тура во сеќавање на загинатите и за поддршка на повредените помина покрај местото на трагедијата.
Преживеани од трагедијата во Кочани раскажуваат за комата, рехабилитацијата и борбата за живот по катастрофалниот пожар.
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...