Напад со нож во Линц: Еден загинат, еден тешко повреден
15.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Повеќе од десет лица се приведени во текот на ноќта и утрово во врска со случајот за финансиски злоупотреби во Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп, потврдија полициски извори. Приведените во текот на денот ќе бидат изведени пред Судот во Прилеп.
Акцијата е спроведена од Управата за финансиска полиција, по наредба на Основното јавно обвинителство – Прилеп, кое веќе неколку месеци води предистражна постапка за можни злоупотреби на службена положба и овластување во болницата.
„Во тек е постапка за наводи против повеќе лица за злоупотреби во работењето на прилепската болница,“ соопштија од Обвинителството, потсетувајќи дека и претходно биле извршени претреси на осум локации во Прилеп.
Според информациите, предметот бил отворен уште во април годинава, кога биле забележани сомнителни финансиски трансакции.
Сегашниот директор на болницата, Кире Јоноски, уште по преземањето на функцијата во 2024 година, јавно предупреди дека установата ја затекнал со долг од речиси 193 милиони денари, како и дека биле откриени „сериозни неправилности во финансиското работење“.
Очекувањата се дека во текот на денот Обвинителството ќе излезе со официјално соопштение за развојот на случајот, кој предизвикува големо внимание во јавноста и се смета за една од најсериозните истраги во здравствениот сектор последниве години.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Заглавениот проект конечно се реализира - новиот мост од 43,5 метри ќе го поврзе булеварот Никола Карев со кружниот тек.
Општина Центар усвои урбанистички планови кои предвидуваат зеленило, велосипедски патеки и јавни содржини околу Калето.
Автомобилистичката федерација го организираше традиционалното женско рели со градска рута и спретно возење меѓу конуси.
Велосипедска тура во сеќавање на загинатите и за поддршка на повредените помина покрај местото на трагедијата.
Преживеани од трагедијата во Кочани раскажуваат за комата, рехабилитацијата и борбата за живот по катастрофалниот пожар.
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...