КОЈ ЈА ПУШТИ АЛТА БАНКА ВО МАКЕДОНИЈА, КОЈ ТРЕБАШЕ ДА ЈА КОНТРОЛИРА И КОЈ ЌЕ ОДГОВАРА ЗА ПРОЦЕНКАТА НА РИЗИКОТ?
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
03.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
05.11.2026
04.11.2026
23.04.2026
23.04.2026
12.04.2026
Кога Дизни и Универзал ја тужеа Midjourney за копирање авторски содржини, приказната изгледаше едноставна: моќните студија ги бранат своите ликови од алчна ВИ-компанија што ги обучувала своите модели врз туѓо. Една година подоцна, Midjourney го сврте огледалото и побара судот да ги натера самите студија да откријат нешто многу поинтересно – што тие самите прават со вештачката интелигенција зад затворени врати.
Тужбата тргна во јуни 2025, кога Дизни и Универзал го обвинија Midjourney дека генерирал слики на заштитени ликови како Барт Симпсон и Дарт Вејдер. Во септември 2025 им се придружи и Warner Bros. Сега, во јули 2026, Midjourney бара да се укине претходната судска одлука што го ограничуваше пристапот до документите на студијата – и токму тука станува интересно.
Барањето на Midjourney не е скромно. Компанијата сака да види сѐ: секој промпт што вработените во студијата го внеле во ВИ-алатки, секој резултат вклучувајќи ги и оние што не кршат ничии права, и секој доказ дека студијата интерно користеле вештачка интелигенција за сценарија, сториборд и осмислување содржина. Аргументот е директен: „Документите што ги кријат се токму оние што би откриле дали, зад затворени врати, го прават истото за кое нѐ тужат нас.”
Адвокатот на студијата, Дејвид Сингер, го отфрли барањето како „риболовна експедиција” – правнички израз за некој што копа наслепо надевајќи се дека ќе фати нешто. Можеби. Но токму студијата што со децении држат чета адвокати за секој кадар од своите филмови сега одеднаш не сакаат да покажат што пишуваат нивните вработени во еден чет-прозорец. Кога некој толку упорно не сака да отвори фиока, обично не е затоа што е празна.
Ова не е приказна за тоа кој е добар, а кој лош – и двете страни живеат од туѓиот труд на еден или друг начин. Поинтересно е што случајот ја разголува вистината што целиот Холивуд ја прикрива: студијата јавно се лутат на ВИ, а тивко ја користат за да заштедат на сценаристи, цртачи и монтажери. Јавно – чувари на уметноста. Приватно – првите во редот кај лопатата што копа. Прашањето што судот ќе мора да го допре е дали правилата важат само за оние што немаат доволно адвокати да ги заобиколат.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Компанија основана во 2024, со производ лансиран минатото лето и агенти позајмени од Anthropic и OpenAI - сега е дел...
Веб-хостинг со околу 400.000 клиенти што плаќаат признава напад што траел од август. Колку се погодени? „Далеку под 10 отсто“...
Џефри Хинтон не се плаши од роботи, туку од темнина: струја и банки во колапс со денови. И признава дека...
Најпопуларните ВИ-другари имаат 220 милиони преземања, а многу од нив се насочени токму кон помладите. Apple сега бара ознака 18+,...
Половина метар пластика, испечатена во орбита. Звучи скромно, но целата вселенска индустрија се судира со едно ограничување: сè што лета...
Дизајниран од човекот што го цртал iPhone, исмеан на премиерата, распродаден пред првата испорака. Кога цената е над половина милион...
Подлабоко во проспектот за берза, во делот за ризици, Anthropic напиша дека развојот на моделите на компанијата можеби наскоро ќе...
Бундестагот брои потенцијално хакирани телефони, а Берлин молчи дали и Мерц бил на мета. Иронијата: германската полиција и самата купила...
Компанијата во сопственост на SpaceX тврдеше и дека граѓаните немаат право да тужат за воздухот што го дишат. Судот не...
Моделот на кинескиот WeChat сега го гради апликација во претежно американска сопственост. Кој одлучува каде јадеш, каде спиеш и кому...
Оваа страница користи колачиња - дали е тоа во ред? Дознај повеќе
Први дознајте кога Метла пушта нешто ново
Оставете е-маил и ќе Ви пишеме кога има нов водич или нешто ново на Метла.