Напад со нож во Линц: Еден загинат, еден тешко повреден
15.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Онколошките пациенти и нивните семејства повторно се соочуваат со недостиг на тумор-маркери и неопходни анализи за следење на болеста. За ова алармираше пратеничката Моника Зајкова, која постави и пратеничко прашање до министерот за здравство Азир Алиу. Тој денеска најави дека проблемот ќе се решава преку измени на законите, за да се спречат вакви прекини во иднина.
Од Министерството за здравство потврдија дека дел од серумските тумор-маркери навистина не се изработуваат на Клиниката поради поништување на јавната набавка, но додаваат дека постапката повторно е објавена и анализите наскоро ќе бидат достапни.
„Во меѓувреме, пациентите се упатуваат на Институтот за клиничка биохемија, а анализите се достапни и во околу 40 јавни и 10 приватни лаборатории кои имаат договор со ФЗО“, наведуваат од Министерството.
Министерот Алиу објасни дека административните процедури често предизвикуваат доцнење, но најави законски решенија за побрза реализација на јавните набавки:
„Ќе предложиме измена со која постапките ќе започнуваат шест месеци пред истекот на договорите, за да не се дозволи вакви прекини“, рече Алиу.
Пратеничката Зајкова, пак, предлага воведување построг систем за следење на резервите, автоматски механизми за нови набавки, како и поголема транспарентност и отчетност пред јавноста.
Здруженијата на пациенти предупредуваат дека во последната година и пол се појавиле „дупки“ од неколку недели во терапиите поради долгите тендерски процедури и некоординираноста меѓу институциите.
Иако Министерството уверува дека на Онкологија нема недостиг од лекови, бројките покажуваат дека секоја година бројот на заболени расте. Само на Клиниката за онкологија годишно се дијагностицираат околу 800 нови случаи на рак на дојка, а до крајот на 2025 година се очекува бројката да надмине 1.200 пациенти.
Во Македонија, во 2022 година биле евидентирани 7.563 нови случаи на рак, а 4.364 лица починале од болеста – стапка на смртност која и натаму е повисока од европскиот просек.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Заглавениот проект конечно се реализира - новиот мост од 43,5 метри ќе го поврзе булеварот Никола Карев со кружниот тек.
Општина Центар усвои урбанистички планови кои предвидуваат зеленило, велосипедски патеки и јавни содржини околу Калето.
Автомобилистичката федерација го организираше традиционалното женско рели со градска рута и спретно возење меѓу конуси.
Велосипедска тура во сеќавање на загинатите и за поддршка на повредените помина покрај местото на трагедијата.
Преживеани од трагедијата во Кочани раскажуваат за комата, рехабилитацијата и борбата за живот по катастрофалниот пожар.
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...